ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА

ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА, НАГРАДУВАЊЕ НА МЕНАЏЕРИТЕ, ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ ЗА ШТЕТА КОЈА НА РАБОТНИКОТ МУ Е ПРИЧИНЕТА НА РАБОТА, ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТНИКОТ ЗА ШТЕТА ПРИЧИНЕТА НА РАБОТОДАВАЧОТ, ИЗМЕНИ НА ЧЛЕН 35 ОД ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичностите од последните измени и дополнувања на Законот за работните односи на Република Македонија, посебно измените кои се однесуваат на плата и надоместоци на плата, наградување на менаџерите, одговорност на работодавачот за штета која на работникот му е причинета на работа или во врска со работата, одговорност на работникот за штета причинета на работодавачот, измени на  член 35 од Општиот колективен договор за  приватниот сектор од областа на стопанството, со посебен осврт на регрес за годишен одмор.

Агенда:

1.    Плата и надоместоци на плата; 
-    член 105 од ЗРО – вид на плаќање (правната регулатива со која се уредуваат прашањата на платите и надоместоците на плати – закон,  колективни договори и договор за вработување); 
-    член  106 од ЗРО - основна плата, работна успешност и додатоци (платата остварена со вложен труд); 
-    член 107 од ЗРО - Минимална плата; 
-    член 111 од ЗРО - Задржување и порамнување на исплаќање на платата; 
-    член 112  од ЗРО – Надоместок на плата; 
-    судска заштита  и практика (спорови за плата, разлика во плата, испратнина, отпремнина, надоместоци на плата и др.).
2.Наградување на менаџерите;
3.Одговорност на работодавачот за штета која на работникот му е причинета на работа или во врска со работата (материјална и нематеријална штета,  штета во случај на незаконски отказ на договорот за вработување, незаконско отстранување од работа или распоредување и др.);
4. Одговорност на работникот за штета причинета на работодавачот;
5. Измени на  член 35 од Општиот колективен договор за  приватниот сектор од областа на стопанството - Општ колективен договор за приватниот сектор  од областа на стопанството (пречистен текст „Сл. весник РМ“ бр. 150/12) и Спогодбата  за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Сл. весник РМ“ бр. 189/13);

Според член 14 став (1) од Спогодбата, Општиот колективен договор продолжува да важи 2 години сметано од денот на објавувањето во „Сл. весник на РМ“, значи сметано од 31.12.2013 год., а влегол во сила на ден 1.01.2014 год.

Постојниот член 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството  е изменет и дополнет со член 10 од Спогодбата и сега гласи :

НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА
(1)Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа:
-дневница за службени патувања  во земјата 
-дневница за службени патувања во 
-теренски додаток 
-надомест за одвоен живот од семејството
-надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил 
-надомест на трошоците при селидба за потребите на работодавачот
-Регрес за годишен одмор (Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.)
-во случај на смрт на работник
-во случај на смрт на сопруг, сопруга, деца 
-за јубилејна награда 
-при заминување во пензија

Обуката е наменета за:

претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со трудово-правната проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери.