ПРЕГОВОРИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР, ПРЕДДОГОВОР, РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ, НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ШТЕТАТА ВО ТИЕ СЛУЧАИ

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел за поподробно запознавање со правната проблематика на склучување и раскинување на договорите, посебно - поради неисполнување, со оглед на недоразбирањата и недоволното познавање на законските прописи и судската практика во тие правни подрачја. На крајот ќе се води расправа и за прашања кои се од интерес на учесниците.

Агенда:

1.    Што преставува поимот ,,склучување на договор”, и општи претпоставки за склучување на договор (чл. 18 од ЗОО)
Пристапување кон склучување на договор - фази: 
•    прелиминарни контакти меѓу страните со цел за добивање информации за тоа под кои услови другата страна пристапува кон склучувањето на определени договори и сл.;
•    „ПИСМО ЗА НАМЕРИТЕ“, како едноставно писмено фиксирање на прашањата кои страните сакаат да ги разгледаат по повод нивната намера да пристапат кон склучување на извесен договор;
•    преговорите како фаза која му претходи на склучувањето на еден договор, во која идните страни на договор меѓусебно се известуваат за она што сакаат да го постигнат со склучувањето на договорот, дискутираат, даваат предлози и противпредлози, се усогласуваат за извесни обврски, а за другите преодолжуваат да бараат точки на усогласување, се додека не го постигнат тоа, или не се откажат од натамошно контактирање во врска со склучувањето на договорот (чл. 22 од ЗОО);
•    преговорите не обврзуваат;
•    причинување штета со водење на преговорите во случаите:
а) без намера да се се скучи договор; 
б) откажување од намерата да се склучи договор без основана причина;
•    видови на штета во врска со водењето на преговори за склучување на договор, односно на нивно прекинување;
•    тужби и тужбени барања во врска со преговорите кои не довеле до склучување   
•    на договор.

2.    Преддоговор (чл.37 од ЗОО)
•    поим на преддоговор;
•    содржина на преддоговорот;
•    форма на преддоговорот;
•    страни на преддоговорот;
•    обврски преземени со преддогорот;
•    рок во кој преддоговорот обврзува на склучување главен договор; 
•    преддоговор со дејство на главен договор;
•    престанок за обврската преземена со преддоговорот за склучување главен договор;
•    тужби и тужбени барања во врска со преддоговорите.

3.    Раскинување на договорите:
•    поим;
•    форма на раскинување на договорите (чл. 60 од ЗОО);
•    договорно раскинување на договорите;
•    премолчно (молчаливо) раскинување на договорите;
•    раскинување на договорите со настапување на раскинувачкиот услов (чл. 66-68 од ЗОО);
•    еднострано раскинување на трајните договори (чл. 346,347 од ЗОО);
•    раскинување на договор во случај кога е договорен капар (чл. 71-73 од ЗОО);
•    раскинување на договор   во случај кога е договорен пишманлак (чл. 74 од ЗОО);
•    раскинување на договор во случај кога е договорен капар како пишманлак (чл. 75 од ЗОО);
•    раскинување на договор во случај на постоење на правни недостатоци (заштита од евекција) (чл. 496-503 од ЗОО);
•    раскинување на договорот кога исполнувањето на обврската на едната страна ќе стане неизвесно (чл. 112 од ЗОО);
•    раскинување или измена на договорот поради променети околности (чл. 122-125 од ЗОО);
•    раскинување на договорот поради невозможност за исполнување за која не одговара ниедна страна (чл. 126);
•    раскинување на договорот поради невозможност за исполнување за која одговара другата страна (чл. 127);
•    тужби и тужбени барања кога договорот се раскинува во претходно наведените случаи.

4.    Раскинување на договорите поради неисполнување со вонсудска изјава
•    општи претпоставки  (чл.113 од ЗОО);
•    кога исполнувањето во рокот е суштествена состојка на договорот (фискни   договори) (чл. 114 од ЗОО);
•    кога исполнувањето во рокот не е суштествена состојка на договорот (чл. 115 од ЗОО);
•    останати одредби за раскинување на договорот поради неисполнување (чл. 116-120 од ЗОО);
•    три случаи во кои договорот може да се раскине само со судска одлука (чл. 122-125, чл. 697, чл. 1033 од ЗОО);
•    посебни случаи на надоместување на штетата во случај на раскинување на договорот за продажба: кога предметот има тековна цена (чл. 512) или кога е извршена продажба или купувачка заради покритие (чл. 513 од ЗОО); 
•    дејство на раскинувањето (чл. 121 од ЗОО);
•    тужби и тужбени барања во случај на раскинувањето на договорите поради неисполнување.

Обуката е наменета за:

Претставници од сите трговски друштва и други физички и правни лица кои секојдневно се соочуваат со правната проблематика во врска со склучувањето и раскинувањето на договорите и надоместување на штетата во врска со тоа.