ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичностите од последните измени и дополнувања на Законот за работните односи на Република Македонија. Покрај измените, се расправа и за конечноста и извршноста на одлуката со која се одлучува за правата и обврските како и одговорностите на работникот и остварување на правата на работникот во делот на отказот на вработување. Посебен осврт има и на договорите за вработување и заштита на правата на работниците по објавен оглас или конкурс. На крај се води расправа и за прашања кои се од интерес на учесниците.

Агенда:

•    Договор за вработување – основни елементи, форма, содржина, склучување, измени и престанување на важноста на договорот;
-    Заштита на правата на учесниците по објавен оглас или конкурс (видови на тужбени барања,  судски одлуки и обврски на работодавачот);
-    Последните измени и дополнувања на Законот за работните односи :  
-    Раскинување на договорот за вработување со спогодба; 
-    Постапка пред отказот поради вина на страната на работникот;  
-    Понуда на нов променет договор пред отказ;
-    Услови за откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот;
-    Забрана на отказ поради бременост, раѓање и родителство;
-    Престанување на  важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда; 
•    Остварување на правата кај работодавачот и судска заштита.
-    Конечноста и извршноста на одлуката со која се одлучува за правата, обврските и одговорностите на работникот;
-    Остварување на заштита на правата на работникот посебно во делот на отказот за вработување

Обуката е наменета за:

За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со трудово-правната проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери.