ДЕЛОВНА ЕТИКА И ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО

Цели на обуката:

Секоја организација треба да има изготвено политика за етичко однесување, со цел да ги информира своите вработени за тоа што е прифатливо однесување на работното место што ќе постави и високи стандарди на работење. Едукацијата на вработените за етичко однесување овозможува и креирање на хармонична и продуктивна работна средина.

Со обуката ќе се дефинира поимот етика и етичко однесување во бизнис средината, сериозноста на неетичкото однесување, пријавувањето на неетичкото однесување како и разликата помеѓу личен морал и работна етика. Преку примери и квизови, вработените и менаџерите подобро ќе ја разберат важноста на етичко дејствување на работното место.

Агенда:

  1. Вовед во етичкото однесување на работното место
  2. Моделирање на етичко однесување
  3. Доверливи информации
  4. Конфликт на интереси
  5. Пријавување на неетичко однесување (последици од неетичко однесување)
  6. Ставање на етиката во пракса
  7. Етичко лидерство за супервизори  

Обуката е наменета за:

Сите менаџери и вработени во една компанија коишто ја креираат и ја спроведуваат политиката за етичко однесување, со цел да разграничат за тоа што се дефинира како општо прифатено етичко однесување, а кое однесување е штетно за една организација и треба да се санкционира.