ВЕШТИНИ НА КОМУНИКАЦИЈА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Цели на обуката:

Комуникацијата претставува основа врз којашто се гради една компанија и кариера и е значајна компонента за траен успех. Без разлика дали се работи за вербална комуникација или пишан мејл, добро пренесената порака оостава простор за понатамошни чекори и е од големо влијание.

Начинот на комуницирање може да ви помогне во градењето на вашата деловна слика и директно влијае на начинот на кој останатите гледаат на вашата работа и перформанси. За жал да се биде дипломат, тактичен и веродостоен не им доаѓа секогаш природно на луѓето. Дури и кога доаѓа, таквата комуникација може многу лесно да биде попречена од емоциите и конфликтите. Да се биде комуникатор кој е обучен во сите три области, треба свесност, обука и знаење за примена на докажани техники со цел да се справите со сите видови на ситуации.

Оваа обука ќе ве научи како секогаш да ги одбирате и користите соодветните зборови и емоционален тон во деловните комуникации. Ќе добиете увид во вашиот стил на комуникација и стиловите на другите; градење на вештини за јасно и ефективно примање и пренесување на информации, идеи, мисли, чувства и потреби.

Агенда:

  1. Значењето на перцепцијата
    - Разбирање на тоа како перцепцијата и сликата може да влијааат на перцепцијата на другите за вас и вашите перформанси;
    - Препознавање на тоа колку дипломатија, тактичност и кредибилитет се демонстрира преку добра комуникација
  2. Разлики помеѓу стилови на комуницирање;
  3. Ефективна и моќна комуникација;
  4. Ефективни вештини на слушање;
  5. Дипломатија, тактичност и веродостојност;
  6. Што е презентација; потребата од претходна подготовка за презентација;
  7. Структура на презентација;
  8. Ефективни начини на презентирање и говор на тело.

Обуката е наменета за:

Бизнис професионалци кои имаат потреба од вештини за комуникација на позитивен, професионален начин, без разлика на видот на ситуацијата во која се наоѓаат.