МИТОВИТЕ ЗА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА И РЕАЛНОСТА „ИМА ЛИ МАГИОНИЧАРОТ УШТЕ ЗАЈАЦИ?“

Цели на обуката:

Односите со јавноста или популарно наречено ПР е една од најпосакуваните професии во последно време. За ваквиот тренд постојат повеќе причини. Значењето на комуникациите за компаниите, институциите и за организациите расте во континуитет и секако, тоа е една од причините за сè поголемиот интерес за оваа професија. Истовремено, зголемениот интерес се должи и на погрешното разбирање на оваа професија во јавноста. 

Што претставуваат односите со јавноста, всушност? 

Нема сомнение дека во денешно време односите со јавноста или комуникациите се дел од репутацијата на секоја компанија, институција и организација. Токму од овој сегмент во голема мера зависи успешноста во работењето и пред сè, постигнувањето на посакуваните цели. Тоа е можно само доколку односите со јавноста се применуваат темелно, суштински и во континуитет. Само така може да се очекува резултат, а истовремено да се избегнат сите погрешни очекувања за брзи резултати и постигнување на невозможното. 

Односите со јавноста се управувачка функција којашто создава и одржува заемни врски меѓу компанијата/институцијата/организацијата и нејзината публика. Од заемните врски што се создаваат преку односите со јавноста зависи успехот и постигнувањето на зададените цели.

Стратешки поставената комуникациска платформа го трасира патот на постигнување на понекогаш и многу високите цели, но само доколку зборуваме за континуиран и интегриран комуникациски пристап кој се темели на вистината. Тоа е и единствениот начин за избегнување на заблудите дека лицето за односи со јавноста може да ги промени состојбите брзо и ефикасно без претходно создадени услови за тоа. 
Односите со јавноста и унапредување на нивната примена ќе биде тема на оваа еднодневна обука, која ќе се обиде да ги дефинира главните предизвици. 

Целта на обуката е да се демистифицира и да се унапреди професијата и нејзиното практикување во секојдневното работење. Практиката покажува дека континуираниот и стратешки пристап овозможува постигнување на целта. 

Агенда:

  1. Најчестите заблуди во примената на односите со јавноста 
    -    Односи со јавноста – дијалог или монолог? 
    -    Го гледаме ли истиот филм?! - Што не се односи со јавноста?
    -    Креиравме ли доверба? - Целта на односите со јавноста
  2. Ефективни односи со јавноста – стратешки пристап 
    -    Каде плови овој брод? – Како да се постигне целта преку стратешки комуникациски пристап? 
    -    Сè почнува дома! - Улогата на интерните комуникации 
    -    „Цело е кога има сè!“ - Интегриран комуникациски пристап 
  3. Креирање одржливи партнерства  
    -    Кој е од другата страна? - Дефинирање целни публики 
    -    Очекувања! Очекувања! Очекувања! - Специфики на одредени целни публики 
    -    „Триковите на магионичарот“ - Како до подобри комуникации со посакуваните целни публики? 
  4. Студија на случај
    -    Што? Кој? Како? Кога? и... Зошто? 
    -    Работа во групи – изработка на комуникациски план за конкретен пример

Обуката е наменета за:

Лица кои имаат интерес за областа на односите со јавноста или работат во сегментот на односите со јавноста во своите работни организации.