КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ДОБАР БИЗНИС ПЛАН

Цели на обуката:

Секој бизнис започнува со идеја. Прашањето е: како еден успешен претприемач од возбудлива нова идеја доаѓа до возбудлив нов бизнис? Првиот чекор е да се запише идејата на хартија; да се одвои време да се напише квалитетен бизнис план. Целта е да се напише јасен бизнис план, кој го истакнува не само економскиот потенцијал на компанијата, туку и придобивките кои ќе ги донесе самиот бизнис на животната средина и општеството.

Иновативните бизнис идеи ја имаат моќта не само да генерираат профит, туку и да најдат решенија за критични проблеми од животната средина и општеството. Бизнис планот е потребен и за самиот претприемач, за да си ги среди сметките, да се обиде да ја согледа состојбата и да оцени колку навистина неговата идеја е остварлива и профитабилна. Меѓутоа, бизнис планот исто така е првиот неопходен документ што потенцијалните инвеститори ќе го побараат од претприемачот.

Целта на бизнис планот е да го убеди инвеститорот во спроведливоста на идејата што се нуди со него, но и во способноста на претприемачот неа да ја реализира. Бизнис планот е почетниот водич за оценување на успешноста на проектот и за оценување на неговата профитабилност. Тој, во прв ред, треба да одговори на основното прашање што си го поставува секој инвеститор: колку проектот е атрактивен и колку ветува дека ќе го покрие ризикот што е поврзан со неговото финансирање. процесот на бизнис планирање не е важен само за новите претпријатија. Всушност деловното планирање е процес што никогаш не завршува. 

Агенда:

  1. Процес на планирање на бизнис план 
    -    Процена на ситуација 
    -    Развивање на мисија
    -    Поставување на цели
    -    Следење на процесот
  2. Содржина на бизнис план 
    -    Насловна страна и содржина 
    -    Извршно резиме 
    -    Мисија и цели
    -    Производи и услуги
    -    Информации за пазарот
    -    Маркетинг план
    -    Оперативен план
    -    Финансиски план
  3. Инкорпорирање на прашања поврзани со животната средина во вашиот бизнис план  (зелен бизнис план)
  4. Намената на бизнис планот  
  5. Квалитети на добар бизнис план

Обуката е наменета за:

Сите оние кои што се заинтересирани за отпочнување на нов сопствен бизнис или пак поседуваат бизнис за кој сакаат да изработат бизнис план кој ќе им овозможи полесно следење и планирање на процесите и дополнителни финансии. Обуката е наменета и за сите оние коишто сакаат да научат како се изготвува добар бизнис план со користење на најсовремени техники.