СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ И РАЗМИСЛУВАЊЕ

Цели на обуката:

Вештините за стратегиско планирање се високо ценети кај современите лидери и неопходни во периоди на рецесија. Способноста за развивање на ефикасни оперативни деловни стратегии и нивно спроведување од план во акција, е она што го разликува лидерот од неговите следбеници. Погледот напред кон иднината при креирањето на стратегиите е она што го разликува профитабилниот бизнис од оној којшто стагнира. Со стратегиското планирање се придвижува тимот, одделот и целата организација кон целите кои треба да се остварат. Оваа обука ве води токму низ процесот на стратегиско планирање со користење на помошни алатки, техники и идеи, за да ги развие вашите вештини за стратегиско размислување.

Агенда:

  1. Принципи на стратегиско планирање
  2. Преглед на процесот на стратегиско планирање
  3. Разбирање на мисијата на организацијата
  4. Анализа на надворешното окружување
  5. Разбирање на внатрешното окружување
  6. Формулирање на стратегиското планирање
  7. Конкурентско стратегиско планирање
  8. Прилагодување на стратегиските цели
  9. Спроведување на стратегиското планирање


Обуката е наменета за:

Врвни менаџери, секторски менаџери и раководители, како и сите оние лица коишто сакаат да се запознаат со формулирањето и примената на стратегиското планирање и да се стекнат со вештини за стратегиско планирање.