ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Цели на обуката:

Оваа интензивна обука ќе ви даде солиден преглед на сите аспекти на човечките ресурси.
Без разлика дали сте од неодамна назначен HR менаџер или пак сте нови во областа на човечките ресурси оваа обука ви го овозможува знаењето и искуството што ви е потребно. Разберете ги основните функции на човечките ресурси и научете како да развиете акционен план кој ќе се стави во функција на работата во вашата организација.

Оваа сеопфатна обука обезбедува јасна анализа на улогата на човечките ресурси во организациите сега, и ги идентификува идните трендови.

Агенда:

  1. Променливата улога на човечките ресурси
  2. Човечки реурси - функција;
  3. Правни одговорности;
  4. Процес на вработување;
  5. Процесирање на информации;
  6. Управување со перформанси;
  7. Бенефиции;
  8. Развој на вработените и организацијата;
  9. Анализа и разбирање на вашата улога во организацијата.

Обуката е наменета за:

Менаџери, раководители на различни позиции и сите оние лица кои имаат потреба да се запознаат со процесот на управување со човечки ресурси.