УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

Цели на обуката:

Ефикасното справување со конфликт на работното место е корисен начин да се расветлат важни прашања, да се отворат линиите на комуникација и да се зајакнат односите. Неменаџиран конфликт на работното место може да доведе до намалување на нивото на тимската работа и соработката, намалена посветеност на вработените и ниско ниво на квалитет и продуктивност. Оваа обука нуди успешни стратегии за самоуверено справување со несогласувањата, конфронтациите, анксиозноста и лутината, пред тие да излезат од контрола. Оваа обука со сигурност ќе им помогне на професионалците да се справат со големиот број на конфликти со коишто се соочуваат на работното место.

Агенда:

  1. Стратегии за управување со конфликти;
  2. Управување со гнев и емоции;
  3. Одговор на гневот;
  4. Вештини на комуницирање на конфликтот;
  5. Интерперсонални вештини и решавање на конфликтот;

Обуката е наменета за:

Менаџери на високо и средно ниво на менаџмент, раководители на сектори и останати вработени кои имаат желба и потреба да ги научат техниките за ефективно управување со конфликти.