УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ

Цели на обуката:

Управувањето со промени претставува клучна вештина. Промената е норма која мора да се исполни низ сите нивоа на функционирање на една организација, почнувајќи од менувањето на условите на пазарот кои ги нарушуваат внимателно направените стратегии, па се до континуираната реорганизација и развојот на бизнис процесите.

Токму поради тоа управувањето со промени е процес кој има сложена природа, бидејќи најчесто промените кај луѓето предизвикуваат вознемиреност, конфузија во однос на нивната улога и удобност на работата и работното место, како резултат на промените со кои мора да се соочат. Способноста за работа со промени е од витално значење. Целта на управувањето со промени е да се минимизира загубата која може да се јави како резултат на транзицијата од стар кон нов начин на работа и да се искористат придобивките од истата.

Оваа обука им овозможува на учесниците да стекнат знаење како да се справат со човечката страна на промената и како да развијат решенија за деловните проблеми. Учесниците ќе се стекнат со сет на вештини кои ќе им помогнат во иднина да имаат влијание на текот на организациските промени, да се справат со отпорот во својата работна околина, да овозможат продажба на клучните стеикхолдери, како и да ги усогласат спротиставените агенди и процеси со цел добивање на оптимални резултати.

Агенда:

  1. Промена:што е, зошто ја правиме и зошто не ја сакаме;
  2. Циклус на промени;
  3. Затворени врати: човечката реакција на промени;
  4. Начини на вклучување на стеикхолдерите во носење и комуницирање на промените;
  5. Стратегии за справување со промени;
  6. Создавање на план за управување со промените

Обуката е наменета за:

Менаџери за управување со промени, бизнис аналитичари,проект менаџери, раководители на различни позиции и сите оние лица кои имаат потреба да го разберат процесот на управување со промени и да го применат во работењето.