УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС

Цели на обуката:

Повеќето работни места носат со себе одреден притисок; тоа е она што предизвикува и дава стимулација за да се постигне задоволство од работата. Овој вид на притисок е здрав и ви помага подобро да работите. Ако овој притисок е премногу голем и вие се чувствувате неадекватно или можете да се справите, тогаш тоа е стрес.

Стресот има штетен ефект врз нашиот настап и доведува до наше несоодветно однесување. Со цел да се справите со ситуациите на стресот потребни ви се вептини кои ќе ви помогнат да одговорите на тешките ситуации. Со помош на оваа обука ќе можете да ги препознаете симптомите и изворите на стрес, како и различните начини за справување со стресот, зашто корист ќе имаат и вашите колеги и вашата организација.

Агенда:

  1. Дефинирање на стресот: разликата помеѓу адреналински наплив и стрес;
  2. Стратегии на мислење;
  3. Мапирање на причините и ефектите од стресот;
  4. Идентификување на физички и бихевиористички симптоми;
  5. Персонални стратегии;
  6. Персонални одговори;
  7. Здравје, релаксација и време за одмор.

Обуката е наменета за:

Mенаџери, раководители на различни позиции и останати вработени коишто сакаат да научат како успешно да управуваат со стресот кој е застапен на работното место.