УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕ И ЗАДАЧИ

Цели на обуката:

Дали имате чувство дека ви е потребна помош околу начинот на кој треба да управувате со времето? Дали некогаш се чувствувате дека работите напорно, но без некој значаен резултат? Во случајот се што ви е потребно е обука за управување со времето која ќе ви покаже како да ги завршите најголемиот дел од задачите за значително пократко време. Оваа обука ќе ви помогне да ја подобрите вашата ефикасност, со менување на старите лоши навики и со примена на техниките за ефикасно управување со времето.

Агенда:

  1. Основи на управување со време и задачи
  2. Техники за управување со времето;
  3. Алатки за управување со времето: планери, организери и календари;
  4. Управувањето со време и електронската доба;
  5. Надминување на дневните „крадци“ на време;
  6. Техники на зајакнување кои ќе овозможат ефективното управување со времето и задачите да стане доживотна навика;

Обуката е наменета за:

Менаџери на високо, средно и ниско ниво, раководители на различни позиции и останати вработени кои имаат потреба од поефикасно управување со времето и задачите кои треба да се исполнат за да се оствари и поголема продуктивност на работното место.