ОСНОВИТЕ НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА – ISO 14001:2004

Цели на обуката:

ISO 14001 стандардот е управувачка алатка која и овозможува на било која организација да го идентификува и контролира влијанието на своите активности, производи и услуги врз животната средина. Со тоа и овозможува на самата компанија да го подобри односот со животната средина и да биде перцепирана како компанија која се грижа за општественото добро и за иднината.

Системот за заштита на животната средина се воведува како одговор на постојаното загадување на животната средина, опасноста од целосното исцрпување на природните ресурси како и зголемената заинтересираност на јавноста и јавното мислење за зачувување на животната средина. Оваа обука ќе ги изнесе основните принципи и процедури за воспоставување на системот за управување со животната средина во една компанија како и придобивките кои самата компанијаќе ги ужива со неговата примена.

Агенда:

  1. Вовед во системот за управување со животна средина;
  2. Преглед на најважните еколошки прашања и проблеми;
  3. Барања за имплементација и користење на стандардот;
  4. Анализа на влијанијето и резултатите од примената;
  5. Основи за регистрација и очекувања на аудиторите;
  6. Тајната на успехот;

Обуката е наменета за:

Сите организации кои сакаат се запознаат со процедурите и придобивките од примената на системот за управување со животна средина 14001:2004.