МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМ ЗА ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ – ISO 27001:2013

Цели на обуката:

ISO 27001 е меѓународен стандард кој се однесува на заштита и безбедност на информациите. Стандардот се применува кај сите организации и компании кои имаат потреба за заштита на своите информации. Ова е значаен стандард за организации кои работат во области кои се на некој начин поврзани со информациските технологии и кои имаат потреба од зачувување на доверливост на информациите.

Со примената на овој стандард самата компанија влева доверба кај клиентите и деловните соработници бидејќи со информациите постапува одговорно и ги користи и пренесува безбедно и професионално.

Агенда:

  1. Вовед во менаџмент системот за заштита на информации;
  2. Придобивки од примена на системот;
  3. Клучните принципи и дефинициии на стандардот ISO 27001:2013;
  4. Барања за имплементација и користење на стандардот ISO 27001:2013;
  5. Анализа на влијанијето и резултатите од примената;

Обуката е наменета за:

За сите менаџери особено IT менаџерите, менаџери на системи, советници за имплементација на стандарди, односно сите организации и лица коишто сакаат да се запознаат со процедурите и придобивките од примената на менаџмент системот за заштита на информациите, односно стандардот 27001:2013.