Back To Top

1 февруари, 2021 | Актуелности

“5S” ПРИСТАП НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА

Учесниците кои беа присутни на оваа обука која се реализираше на 29.01.2021 година ,од посебно значење им беше овој 5S пристап кои го имплементираа подоцна на своите работни места.Обуката “5S” пристап на организирање на работните места“ е важна затоа што им овозможи на учесниците да ја подобрат ефикасноста на производствените и услужните процеси за кратко време и со пониски трошоци и да ја зголемат безбедноста на работното место, преку систематско организирање на работното место. “5S”  е дел од lean филозофијата, каде секоја форма на отпад постојано се елиминира од работното место. Задачата за организирање на работни места е да се создаде безбеден, чист и уреден распоред на работното место преку обезбедување посебно место за сè што е потребно и го елиминира од работното место сè што не е потребно. На учесниците преку вежби им беше објаснето како овој пристап може да се искористи за да се постигнат значителни подобрувања на работното место, како што се:подобрувања на работниот тек,намалувања на времето, подобро користење на просторот,зголемување на безбедноста при работа / намалување на стапката на повреди при работа,намалување на загубите во материјалите,трудот и хиперпродукцијата,поголема сигурност на опремата.На обуката исто така се презентираа студии на случаи од пракса каде имаше конкретни решенија за проблемите што најчесто се јавуваат при практична работа. Целта на оваа обука беше да ги едуцира учесниците за важноста од примена на пристапот “5S”  во организацијата, да ги научат чекорите на пристапот “5S”  и да ги мотивираат и обучат да го применуваат пристапот “5S”  во нивната организација. По завршувањето на обуката, учесникот веќе можеше:да имплементира “5S” на своето работно место;проширување на процесот “5S”  и на други делови од компанијата;намалување на загубите во материјалите, трудот и хиперпродукцијата;зголемување на безбедноста на работното место.Целна група на обуката беа директори на компании, високи и средни менаџери, вработени за подобрување на процесот и сите заинтересирани кои присуствуваа што им беше потребна оваа област.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ