Back To Top

11 март, 2021 | Актуелности

АГИЛНО РАБОТЕЊЕ И ПРОФЕСИИ НА ИДНИНАТА

Доколку се’ уште не сте слушнале за агилно работење и SCRUM методологија и начините на кои можете да го унапредите вашето делување, сега е крајно време за тоа! Amazon, Microsoft, Apple, Google и Facebook се само дел од големите и успешни светски компании кои своте делување го засноваат на агилните/SCRUM принципи.  Иако овој тип на деловна активност најнапред се појави во ИТ индустријата, во последните десет години се прошири и во други области. Агилната култура и деловното работење и управување подразбираат сет на агилни вештини за комуникација, организација и управување со тимови, а најраспространетата методологија за воведување на агилната практика за работа е SCRUM.

Професиите агилен тренер и SCRUM мастер се се’ повеќе барани занимања, доколку ги земеме во предвид анализите на LinkedIn. На оваа мрежа моментално се отворени над 12.000 позиции за SCRUM мастер, 87.944 позиции поврзани со SCRUM, 242.482 позиции поврзани со агилни практики. Од друга страна, има 20.000 регистрирани агилни обучувачи и професионалци меѓу корисниците. Овие бројки значително се рефлектираат во платите на агилните професионалци, така што во САД, основната годишна плата за SCRUM мастерите е повеќе од 100.000 долари. Најновата студија спроведена од Алијансата SCRUM потврдува дека професионалците на SCRUM имале најбрз тренд на раст на платите минатата година, без оглед на образованието, деловната област и големината на компанијата.

На глобално ниво, 4 милиони луѓе меѓу корисниците на LinkedIn го имаат зборот „Агилен“ во својата титула, а дури 36.646 компании го имаат терминот „Агилен“ во својот назив. Зборот агилен до пред неколку години беше непознат во нашата земја, но сепак постои тенденција на разгледување и осознавање на истиот, како одговор на промените во светски рамки.

Агилното работење подразбира можност да се одговори на константни промени, кои се диктирани од динамичните барања на корисникот. Агилното работење подразбира прилагодливост. Агилните практики ни овозможуваат да го разбереме денешниот современ контекст, да ја спознаеме неизвесноста на која сме изложени и да се прилагодиме на новонастанатите околности.

Кога зборуваме за агилен развој, фокусот е на луѓето и нивната меѓусебна соработка. Кога работиме агилно, на луѓето треба да им се остави простор да експериментираат и во исто време да се чувствуваат безбедно да прават грешки. Само така можеме да очекуваме исклучителни резултати.

Се верува дека најдобрите решенија се создаваат преку соработка помеѓу самоорганизирачки тимови и разни експерти. Ако сте лидер, фокусирајте се на своите вработени, ценете ги, дајте им цел и простор да растат.

На кратко, агилното работење вклучува поделба на вработените во неколку самостојни тимови, предводени од SCRUM Master и Product Owner. Неопходно е тимовите да бидат што е можно помали, со цел процесите да се одвиваат побрзо и да се скрати синџирот на комуникација. Секој проект се прави во неколку кратки интеракции, т.е. циклус, за да се скрати времето на чекање и да се исправат сите потенцијални грешки пред да преминете на следниот циклус. Секоја задача има по една одговорна личност, која ја сноси целата одговорност доколку процесот не е извршен или нешто не оди според планот.

Во формалното образование, сè уште нема студии што би ги подготвиле луѓето за агилните занимања, така што знаењето и вештините најмногу се стекнуваат на сертифицирани курсеви.

Меѓу компаниите кои активно бараат членови на агилни тимови Endava, Tomtom, eFront, Addecco, Comtrade, Zühlke Group, GoDaddy, Ericsson, Seavus  и многу други.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ