Back To Top

80

училишни часа

10

недели

5

модули

1

месец менторска работа

АКАДЕМИЈА ЗА BIG DATA & BUSINESS ANALYTICS

Академијата ќе се реализира со физичко присуство.
 
10 октомври 2023 година (вторник)
  два пати неделно – вторник и четврток, 18:00-21:00 часот
  Институт КОНЦЕПТ, Скопјe

 

Вовед
Денешните бизниси имаат пристап до огромна количина на податоци, големи податоци (eng. big data), кои исклучително брзо растат секоја измината секунда. Различни извори можат да се користат за собирање податоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: бази на податоци на компаниите; анкети; социјални медиуми; интернет; трансакции; сензори; итн., а податоците можат да бидат во структуриран формат како извештаи, или главно (повеќе од 80%) во неструктуриран формат како слики, видеа и аудио. Компаниите се соочуваат со голем предизвик во модерното бизнис окружување кога станува збор за комбинирање податоци од различни бази на податоци, чистење, организирање, сумирање, моделирање и нивно анализирање со цел да се донесат подобри бизнис одлуки.Методите, техниките и алатките за бизнис аналитика овозможуваат да се трансформираат големите податоци во вредни сознанија кои можат да се користат од страна на менаџерите за да се донесат подобри и побрзи одлуки. Доколку организациите имаат бизнис аналитичари со умешни аналитички вештини, тие ќе можат да ги искористат податоците како конкурентска предност. Затоа што вие сте двигатели на успехот на компанииите, од витално значење е да бидете опремени со знаење за тоа како од податоците да креирате вредност (зголемен приход, ефикасност, задоволство на потрошувачи, на вработени, стеикхолдери, намалени поплаки, намалени трошоци, итн).Оваа академија, прва од ваков тип во Северна Македонија ја рефлектира реалноста на големите податоци и е конципирана со цел да ве подготви за клучните вештини на иднината и да ви овозможи професионална кариера како бизнис аналитичари.Долгогодишното експертско искуство во оваа област ни покажало дека теоретските концепти како и методите, техниките и алатките на аналитиката можат да се разберат најдобро ако се објаснети преку практични примери. Во таа насока, во фокусот на Академијата за Big Data & Business Analytics е презентирање на материјалот преку практични примери со примена на софтверски алатки и изработка на многубројни и колоритни практични задачи како составен дел на секој модул. По успешна изработка и презентирање на финалниот проект во кој треба да бидат инкорпорирани елементи од сите модули се стекнувате со диплома.

По завршувањето на Академијата студентите ќе бидат оспособени за:

•    Процесот на решавање на реални бизнис проблеми и бизнис одлучување со помош на аналитика на големи податоци
•    Креирање на queries со SQL и извлекување, трансформирање и вчитување на податоци
•    Користење на алатки за дескриптивна статистика на популација/примерок на податоци 
•    Истражување на податоци со пивот табели и графикони 
•    Моделирање, анализирање и визуелизирање на податоци преку креирање на интерактивни извештаи во Power BI
•    Дијагностицирање на причините за остварените резултати со примена на корелациона анализа, идентификација на outliers, drill-down анализа, кластер анализа со алгоритми на машинско учење
•    Користење на метод за квалитативно предвидување – Делфи
•    Користење на квантитативни методи за предвидување врз основа на историски податоци (методи на временски серии, регресиона анализа) 
•    Примена на алгоритми за машинско учење за податочно рударење и невронски мрежи
•    Користење на методи и алатки за оптимизација и симулационо моделирање
•    Мерење на перформанси и утврдување на таргети за подобрување на перформансите на неефикасните ентитети, вработени, итн.
•    Креирање на модели за избор и рангирање на најдобрата алатернатива преку евалуација на повеќе важни критериуми
•    Анализа и интерпретација на добиените резултати во формат кој лесно може да се комуницира со тимот и со надредените 
•    Примена на методите, техниките и алатките на аналитиката на големи податоци во различни области на бизнисот како маркетинг, логистика, производство, финансии, човечки ресурси, социјални медиуми во насока за донесување на одлуки базирани на факти и побрзи одлуки кои ќе озвоможат креирање на конкурентска предност.

Aкадемијата е наменета за:

•  Менаџери во приватен и јавен сектор
•  Сопственици на мали и средни претпријатија
•  Лица кои планираат професионално да се занимаваат како бизнис аналитичари
•  Студенти
•  Сите заинтресирани лица кои сакаат да се стекнат со најбараните вештини на глобално ниво

Придобивки и цели на Академијата

Стручна подготвка на учесниците за работа на позицијата бизнис аналитичар

Ефективни предавања од врвен академски кадар од земјата и странство и искусни практичари

Практична работа на реални податоци за решавање на комплексни бизнис проблеми

Работа со секој учесник поединечно - група ограничена до 20 учесници.

Предавачи и модули

Д-р Виолета Цветкоска

Професор на Економски факултет – Скопје при УКИМ

Д-р Виолета Цветкоска е професор на предметите основи на бизнис аналитика и операциони истражувања. Нејзината академска кариера во овие области е градена на врвни универзитети во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија. Стекнатото знаење и вештини го пренесува на студентите и менаџерите, овозможувајќи им да станат професионалци водени од податоци и да им помогнат на компаниите да добијат конкурентна предност преку носење подобри одлуки од големите податоци со помош на бизнис аналитиката и вештачката интелигенција. Има објавено многубројни научни трудови и автор е на првата книга за Бизнис аналитика во државата. Член е на научни одбори на меѓународни конференции и во уредувачки одбори на меѓународни списанија (Decision Analytics Journal, International Journal of AHP, SPOUDAI – Journal of Economics and Business, International Journal of Society Systems Science и др.). Добитник е на маѓународни награди во својата област. Нејзиниот тековен истражувачки интерес ја вклучува примената на бизнис аналитиката и вештачката интелигенција во областите на дигитална трансформација, одржливост, мерење на перформаси, банкарство и финансии.

Д-р Гордана Савиќ

Вонреден професор на Факултет за организациони науки и Земјоделски факултет, Белград

д-р Гордана Савиќ е вонреден професор по операциони истражувања, аналитика на перформанси и бизнис аналитика на Универзитетот во Белград-Факултет за организациони науки и Земјоделски факултет. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат математичко моделирање, оптимизација, бизнис аналитика и аналитика на перформанси. Таа е автор или коавтор на повеќе од 100 научни и истражувачки трудови. Од нив, повеќе од 25 се монографски поглавја и трудови во водечки научни списанија. Таа е рецензент, уредник и гостин уредник во неколку водечки меѓународни и национални списанија. Таа е активна во организирање на научни конференции како претседател на организациски одбори и член на научни и организациски одбори (BALCOR; SYM-OP-IS и SymOrg). Таа е член на проектниот тим во повеќе од десет национални и меѓународни проекти и учесник во повеќе истражувачки проекти.

Д-р Марија Кузмановиќ

Редовен професор на Факултет за организациони науки, Белград

Д-р Марија Кузмановиќ е редовен професор по операциони истражувања, бизнис аналитика, теорија на игри и методи за мерење на преференци на Универзитетот во Белград, Факултет за организациони науки. Таа е автор или коавтор на 8 поглавја во меѓународни монографии и над 25 трудови во водечки научни списанија, вклучувајќи ги Експертските системи со примена, математиката, симетрија, високото образование и Меѓународното списание за истражување на туризмот. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат математичко моделирање и оптимизација, аналитика на податоци, методи за мерење на преференци и теорија на игри.

Д-р Теа Шестановиќ

Доцент на Факултетот за економија, бизнис и туризам, Универзитет Сплит

Д-р Теа Шестановиќ е доцент на Факултетот за економија, бизнис и туризам, Катедра за квантитативни методи и настава по статистика, статистичка анализа, статистички методи и деловно одлучување. Коавтор е на 22 научни трудови и учествувала на 17 научни конференции. Таа е активен член на Хрватското здружение за операциони истражувања и на Хрватското статистичко здружение. Таа е ко-уредник за хрватското списание за операциони истражувања и заменик претседател на KOI 2022. Нејзини главни истражувачки интереси се: квантитативни методи во економијата, финансиско моделирање, статистички методи и економетрија, со посебен акцент на невронските мрежи и на временските серии.

Д-р Никола Кадоиќ

Доцент на Факултетот за организација и информатика на Универзитетот во Загреб.

Никола Кадоиќ е роден во 1987 година во Загреб, Р. Хрватска. Докторирал во 2018 година на тема поврзана со развивање на нов повеќекритериумски метод на одлучување. Работи како доцент на Факултетот за организација и информатика на Универзитетот во Загреб. Toj предава на предмети поврзани со одлучување. Работел на повеќе научни или стручни проекти, а моментално е активен на пет. Неговите истражувачки области вклучуваат: донесување одлуки, стратешко планирање, е-учење, структуриран дијалог и креативност. Автор е или коавтор на околу 50 научни трудови.

Д-р Теа Мијач

Наставно-научен асистент на Катедрата за бизнис информатика на Економскиот факултет при Универзитетот во Сплит

Теа (Драгичевиќ) Мијач е родена во 1989 година во Сплит. Таа докторирала на Економскиот факултет во Сплит во септември 2021 година. Од декември 2017 година, таа е вработена како наставно-научен асистент на Катедрата за бизнис информатика на Економскиот факултет при Универзитетот во Сплит, а пред тоа таа работела како веб-администратор на ИПА проектот “Да учиме заедно“, а воедно работела и како лидер на ЕУ проектот на Факултетот за наука при Универзитетот во Сплит. Во моментов таа е член на истражувачкиот тим во рамките на проектот Кориснички ориентиран (ре) дизајн на процеси и моделирање на информациски системи на пример на услуги за паметни градови (финансирани од Хрватската научна фондација), и соработник на научниот проект Компаративна анализа на трендови и успех фактори во паметните градови во Словенија и Хрватска. Теа Мијач моментално ја извршува функцијата секретар во Хрватското здружение за операциони истражувања и работи како технички уредник на Хрватското списание за операциони истражувањаи како помошник уредник за научното списание(Менаџмент: Списание за современи менаџмент прашања). Таа била и заменик претседател на организацискиот одбор на 19-тата меѓународна конференција за операциони истражувања.

Детали за котизација

Котизацијата изнесува 55.000 денари + ДДВ.
За физичките лица Институт КОНЦЕПТ обезбедува  можност за плаќање на 12 рати.
За студенти следува попуст од 20%.

За сите дополнителни информации во врска со академијата контактирајте не на:
телефон: ++ 389 70 272 207
e-mail: institut@koncept.com.mk

Почеток:10 октомври 2023 год.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт