Back To Top

10

недели

9

модули

16

часа теорија

64

часа практична работа

АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Академијата ќе се реализира со физичко присуство.
 9 октомври 2023 година (понеделник)
 18:00 – 21:00 часот
Академијата ќе се реализира ХИБРИД
 (со физичко присуство и online)

Современото работење на успешните компании не може да се замисли без менацмент на човечки ресурси. Дури и помалите колективи имаат менаџер на човечки ресурси кој комуницира со вработените или со кандидатите за работа во компанијата. Во случај на поголеми бизнис системи, цел тим е ангажиран за ефикасно функционирање на вработените и нивните права и обврски.

Секторите за човечки ресурси, имаат цел да ја оптимизираат продуктивноста на вработените за максимално искористување на нивните капацитети. ХР менаџерите исто така се грижат за воспоставување на системот за работа со цел да се почитуваат основните принципи на компанијата, како што се работното време, дисциплина, почитување на човековите права, безбедноста на работа и многу повеќе.

Менаџирањето на човечките ресурси се однесува на практиките и политиките кои се потребни за извршување на менаџерски задачи поврзани со личните прашања, а особено вработувањето, обучувањето, оценувањето и наградувањето на вработените во компанијата и овозможување на безбедно, етички и праведни услови за нив.

Во таа насока, Институт КОНЦЕПТ по трет пат ја организира АКАДЕМИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, која  преку 9 модули ја затвора целината на комплетно изграден менаџер за човечки ресурси.

Прогамата на Академијата предвидува  80% практична работа и вежби на реални примери и проекти.

После секоја тематска целина студентите ќе поминат тестирање што ќе биде гарант за нивото на владеење на материјата, додека на крај со проектна задача ќе ја одбранат официјалната диплома.

Програмата на Академијата е верифицирана од Министерството за образование и наука, а дипломата е официјално призната во земјава.

 

Придобивки од Академијата:

  • учесниците по завршувањето на Академијата ќе бидат комплетно подготвени за работа на позицијата менаџер за човечки ресурси
  • официјална диплома призната од Министерство за образование и наука
  • ефективни предавања и практична работа
  • 96 училишни часа, 12 недели, 2 средби неделно
  • 1 месец менторска работа
По завршувањето на Академијата студентите ќе бидат оспособени за:
  • Изработка на стратегиски план за управување со човечки ресурси.
  • Подготовка на систематизација и организациона шема со опис на работни места.
  • Изготвување на оглас и избор на соодветни медиуми.
  • Спроведување на интервју и подготовка на прашалници.
  • Спроведување на психолошки тестови.
  • Досие – водење евиденција за секој вработен за перформанси, помината обука, плата, надоместоци, работни часови, искористени денови од одмор и сл.
  • Студија на случај – мерење на учинок
  • Изработување на договор за вработување (елементи на договори)
  • Изработување на оглас за потребите на АВРМ.
  • Прибирање на документи за пријава и одјава на вработени.
  • Изготвување на прашалник за мерење на степен на задоволство кај вработените, план за финансиска мотивација и план за нефинансиска мотивација
  • Изработка на план за обука и тренинг на вработени.
  • Пресметка на нето и бруто плата.
  • Огласување преку социјални мрежи

Aкадемијата е наменета за:

  • Mенаџери за човечки ресурси и вработени во хр секторот
  • Претприемачи/сопственици на мали и средни претпријатијa
  • Лидери на тимови
  • Почетници во областа на човечки ресурси
  • Лица кои планираат професионално да се занимаваат со управување на хр
  • Студенти
  • Сите оние кои сакаат да го усовршат своето знаење

Придобивки и цели на Академијата

Комплетна подготовка за работа на позиција менаџер за човечки ресурси

Официјална диплома признаена од Министерство за образование и наука.

Ефективни предавања и практична работа

Работа со секој учесник поединечно - група ограничена до 20 учесници.

Предавачи и Модули

Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

Михаил Китановски

интернационален бизнис и менаџмент консултант во 30 земји, со 25 годишно искуство за повеќе од 700 клиенти и воедно управител на Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје.

Консултант, експерт и обучувач за менаџмент со човечки ресурси, организациски и деловен развој.

Следење на работна успешност на вработени (Performance Management)

Концепт

Експерт

во соодветната област

Предавачите на Академијата се експерти во соодветната област кои произлегуваат од бизнис секторот, но ќе земат учество и голем број на гости кои ќе ги пренесат своите практични искуства.

Општи и правни аспекти на управувањето со човечки ресурси

д-р Лазар Јовевски

професор на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ во Скопје

д-р Јовевски е професор во областа на трудовото право, социјалното право и социјалната политика, меѓународно трудово право, европско социјално право, право на безбедност и заштита при работа, синдикално право, индустриски односи и антидискриминациско право. Во рамките на научната работа Јовевски досега има напишано повеќе од 70 научни и стручни трудови, учество со сопствени излагања на бројни национални и меѓународни конференции, работилници и советувања. Покрај тоа Јовевски е автор на 12 книги.

Мотивирање и наградување на вработените

Концепт

Експерт

во соодветната област

Предавачите на Академијата се експерти во соодветната област кои произлегуваат од бизнис секторот, но ќе земат учество и голем број на гости кои ќе ги пренесат своите практични искуства.

Едукација и развој на кадри и управување со таленти (Talent Management)

Михаил Китановски

интернационален бизнис и менаџмент консултант во 30 земји, со 25 годишно искуство за повеќе од 700 клиенти и воедно управител на Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје.

Консултант, експерт и обучувач за менаџмент со човечки ресурси, организациски и деловен развој.

Пресметка на плата и надоместоци од плата

Александра Андреева

Овластен сметководител, со 11 годишно искуство во дејноста, а 6 години сопственик и управител на Друштво за економско – правни услуги АНДРЕЕВА КОНСАЛТИНГ од Велес.

Дипломиран економист на департман Сметководство и ревизија на Економски факултет при УКИМ во Скопје, која во текот на своето професионално искуство обезбедува сметководствени и консултантски услуги за бројни компании од различни сектори. Континуирано се залага за унапредување на сметководствената професија како активен член на Управен одбор на Комора на сметководители при Сојуз на стопански комори на Македонија.

Регрутација и селекција на кандидати

Катарина Тасевски

Специјалист за регрутација и селекција на кадри ВО DEKRA ARBEIT MACEDONIA.

Веќе 6 години дел од најголемата агенција за услуги во доменот на човечки ресурси, DEKRA ARBEIT MACEDONIA, како специјалист во повеќе области, меѓу кои регрутација и селекција на кадри.

Регрутација и селекција на кандидати

Ана Дукиќ

Специјалист за човечки ресурси.

Дипломиран Психолог на Универзитет Св. Кирил и Методиј- Скопје. Веќе 8 години активно работи во полето на управувањето со човечки ресурси. Во моментот е дел од Групацијата IWConnect на позиција, Раководител за регрутација и селекција на таленти и Раководител за човечки ресурси на филијала. Главен фокус во секојдневното работење и е привлекување, обезбедување и управување со соодветни кадри за потребите на компанијата. Нејзиното искуство опфаќа онбординг, менторирање, обучување и развој на вработени, советување, бенефиции, задоволство и задржување на вработените, оптимизација, координација и спроведување на процедури и процеси, и истражувања поврзани со човечки ресурси.

Adobe Photoshop

Николај Томашевски

Kapital Media Group

Николај Томашевски е e долгогодишен креативен директор на Kapital Media Group и основач и сопственик на студиото за графички дизајн Infinity Design. Специјалист за програмски софтвери за графички дизајн и анимација на Adobe и AutoDesk за изработка на креативни решенија за принт, електронска комуникација и дизајни за социјални мрежи (Facebook, Instagram, Linkedin…) Во своето портфолио има голем број на проекти од полето на media & publishing, визуелизација на ивенти и конференции, креативи за маркетинг и адвертајзинг кампањи од доменот на уметноста, издавашвото, економијата и политиката.

Employer Branding

Михаил Китановски

интернационален бизнис и менаџмент консултант во 30 земји, со 25 годишно искуство за повеќе од 700 клиенти и воедно управител на Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје.

Консултант, експерт и обучувач за менаџмент со човечки ресурси, организациски и деловен развој.

Детали за котизација

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВЕН ЛИСТ
ПРЕВЗЕМИ ПРОГРАМА

Котизацијата изнесува 60.000 денари + ДДВ.
За физичките лица Институт КОНЦЕПТ обезбедува  можност за плаќање на 12 рати.
За студенти следува попуст од 20%.
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 15 септември 2023 година.

За сите дополнителни информации во врска со академијата контактирајте не на:
телефон: ++ 389 70 272 207
e-mail: institut@koncept.com.mk

Почеток:9 октомври 2023 год.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт