
32
училишни часа
8
средби
4
недели
2
пати неделно
EVENT MANAGEMENT -Модул за организација на настани



ЦЕЛИ НА МОДУЛОТ:
Индустријата за организација на настани рапидно расте. Денес се организираат многу повеќе настани од кога било досега. Музички концерти, културни фестивали, спортски, корпоративни, промотивни настани, лансирање на производи, конференции, изложби, семинари…
Овој раст на индустријата на настани доведе до конкурентен пазар каде секој настан се натпреварува за нашето внимание. Овој натпревар изврши притисок врз менаџерите на настани да нудат покомплексни настани, а притоа да ги намалат трошоците. Ова бара систематски процес на управување со настаните додека постојано размислувате за креативни идеи кои можат да направат вашиот настан да се издвојува од конкуренцијата.
Настаните по својата природа можат да бидат доста комплексни за организирање. Организацијата е тимска работа која вклучува многу различни типови на професионалци со една цел – да ги задоволи потребите на клиентите и публиката.
Целта на обуката е да ги стекнете потребните знаења, вештини и чувство за секој аспект од организацијата на настани, за да можете самостојно да ја извршувате функцијата менаџер за настани. Ќе дознаете што е основата на добрата организација, зошто ви се потребни преговарачки и продажни вештини и дека енергијата, волјата и неисцрпната креативност се основата на оваа работа.
За да присуствувате на обуката не ви треба никакво претходно знаење од областа на организација на настани, ниту пак високо образование. На обуката може да се пријават сите кои се гледаат себеси во бизнисот со планирање и организирање настани: вработени во компании, студенти, невработени, луѓе кои имаат потреба од преквалификација.
Доколку се пронаоѓате во наведените профили, тогаш оваа обука е тоа што ви е потребно:
✓ Ако сте невработен/а или сте во потрага по нова возбудлива работа
✓ Ако веќе организирате настани, но сакате да го правите тоа со повеќе стил и леснотија
✓ Ако сте вработени во маркетинг агенција и сте веќе вклучени во организирање настани, но сакате да го усовршите своето професионално знаење
✓ Ако сте менаџер за внатрешни и надворешни комуникации и организирате настани за потребите на компанијата
✓ Ако сте менаџер за човечки ресурси кој се занимава со нарачување и организирање настани, како градење тимови, семинари и други обуки
✓ Ако сакате да започнете сопствен бизнис во индустријата за организирање настани
✓ Ако размислувате „надвор од кутијата„
✓ Ако сакате динамична работа и предизвици
✓ Ако сакате да ги подобрите своите вештини
✓ Ако имате потреба од преквалификација
Обуката се базира на практичната работа на учесниците на конкретни примери. Програмата е интересна, интерактивна и ja претставува сржта на она што треба да го знаете за бизнисот за управување со настани.
Акцентот е ставен на интеракцијата помеѓу предавачот и студентите, студиите на случај, искуственото учење, така што кога ќе ги напуштите нашите училници, можете веднаш да го примените она што сте го научиле.
Обуката за организација на настани е најдобриот и најквалитетниот начин за остварување на вашите желби. На многумина веќе им се исплатеше!
СОДРЖИНА
Модул 1 – Вовед во управување со настани
Модул 2 – Фази на планирање на настан
Модул 3 – Предвидување и справување со ризици
Модул 4 – Управување со буџет на настани
Модул 5 – Логистика на настани
Модул 6 – Реализацијата може да започне
Модул 7 – ПР и промоција на настани и следење на резултатите
Модул 8 – Завршен проект
ПРЕДАВАЧ
Маја Бабиќ, менаџер за односи со јавност и настани
Повеќе од 27 години работа и искуство во организација, медиуми и односи со јавност.
Kако дел од агенцијата Баги Комуникации, зад себе има огромен број на проекти кои се признати и верификувани од страна на домашните и странските институции, јавност и критика. Нејзината работа ги опфаќа сите фази и процеси во организацијата на настаните а специјалност и се големи, масовни настани, комплексни по формата и содржината. Таа е долгогодишен шеф на протокол на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки„ во Битола. Од 2020 година е претседател на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП.
ЦЕЛНА ГРУПА
Сите заинтересирани за работа во оваа индустрија.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
• работен материјал
• сертификат за присуство
• кафе и освежување.
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата за еден учесник изнесува 25.000 денари, плус ДДВ.
20% попуст за рана пријава до
За физичките лица Институт КОНЦЕПТ обезбедува можност за плаќање на 5 рати.
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до