Back To Top

8

недели

3

модули

9

часа теорија

36

часа практична работа

Финансиски менаџмент низ три модули

Финансискиот менаџмент е од витално значење за секоја компанија, особено за оние кои имаат цел подобрување на профитабилноста, ликвидноста и солвентноста.

Курсот е организиран во три модули (нивоа), при што во првиот модул се даваат основите на финансискиот менаџмент и истата е наменета и за финансиски и не-финансиски менаџери. Вториот модул е продолжение на првиот модул и нуди средно ниво на знаења од областа на финансискиот менаџмент преку обработка на поголем број на области и теми, на ниво на додипломски студии на економските факултети. Третиот модул нуди напредни теми од областа на финансискиот менаџмент и обработка на специјални случаеви и анализа на најдобрите практики од оваа област, на ниво на напредни курсеви од областа на корпоративните финансии.

Курсот се реализира со користење на алатките на Microsoft Excel и препорачливо е секој слушател да има свој notebook компјутер. За секоја тема се предвидени вкупно по три часа (два часа предавања и еден час практични вежби). На крај на секој модул за стекнување на Сертификат за Финансиски менаџмент е предвидена проверка на знаењето.

Времетраење:

15 средби/8 недели, 45 училишни часа
два пати неделно, 18.00-21.00 часот

Модули:

  1. МОДУЛ 1: ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА, ФИНАНСИСКОПЛАНИРАЊЕ, КОНТРОЛА И ЛЕВЕРИЏ
    МОДУЛ 2: ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ И ИНВЕСТИЦИИ
    МОДУЛ 3: ТРОШОК НА КАПИТАЛ И НАПРЕДНИ ТЕХНИКИ НА ВРЕДНУВАЊЕ И СТРУКТУРА НА КАПИТАЛ

ЦЕЛНА ГРУПА

  1. Менаџери
  2. Управители
  3. Лица од областа на финансиското работење и сметководството
  4. Вработени во банки и други финансиски институции
  5. Лица кои планираат професионално да се занимаваат со финансиски менаџмент
  6. Студенти
  7. Сите оние кои сакаат да го усовршат своето знаење

Придобивки и цели

Сеопфатна едукација на менаџерите за финансискиот менаџмент

Познавање на јазик, алатки и техники

Ефективно користење на знаењето во секојдневното работење

Користење на Excel алатка

Предавач

Финансиски менаџмент во три модули

проф. д-р Зоран Ивановски

Редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Предавачот е долгогодишен соработник на Институт Концепт. Експерт кој практично знае да го пренесе знаењето од областа на финансискиот менаџмент. Тој е редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, познат регионален експерт за финансиски менаџмент и предавач со богато искуство во земјата и странство. Во својата универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот Универзитет- Република Македонија, Проректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Декан на Економскиот факултет на Европскиот Универзитет- Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, визитинг професор на Универзитетот Свети Апостол Павле во Охрид, визитинг професор на Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Покрај универзитетската кариера предава на сертифицираните обуки за брокери и инвестициски советници при Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Повеќе од 20 години предава на курсеви и обуки за бизнис и јавниот сектор во земјата и странство (Холандија, Италија, Франција, Кувајт и др.). Автор е на повеќе учебници и голем број на научни трудови објавени во најреномираните светски научни списанија, индексирани во најпознатите бази на податоци (Web of Science, Copernicus, Ebsco).

Детали за котизација

  • Котизацијата изнесува 35.000 денари + ДДВ со можност за плаќање на рати.
    Можност за плаќање до 48 рати преку НЛБ Банка АД Скопје и Штедилница ФУЛМ Скопје

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт