Back To Top

24

училишни часови

6

средби

3

недели

Курс по основи на сметководство кај буџетските корисници и локалната самоуправа

Начин на реализација:
Со физичко присуство

 година (понеделник)
18:00 – 21:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

ЦЕЛ НА ОБУКАТА

Целта на курсот е да ги оспособи на самостојна работа сите почетниците во областа на сметководството и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација кај буџетските корисници и локалната самоуправа,  како и оние лица коишто имаат допирна точка со сметководството или пак сакаат теоретски и практично да го научат буџетското сметководство.

Курсот изобилува со практични вежби и примери за брзо и квалитетно изучување на буџетското сметководство и неговата примена. За време на курсот темелно ќе се разгледа законската регулатива којашто се однесува на буџетските корисници и принципите и стандардите на водење сметководство во јавниот сектор.

Курсот е наменет за почетници во областа на сметководството и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација кај буџетските корисници и локалната самоуправа.
Курсот е наменет и за сите оние кои имаат допирна точка со сметководството или пак сакаат теоретски и практично да го научат буџетското сметководство.

Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 24 училишни часови (6 средби/3 недели) ќе го научат основното ниво на сметководство кај буџетските корисници и локалната самоуправа.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно (вторник и четврток) во попладневните часови од 18.00 до 21.00 часот, во просториите на Институт Концепт.

СОДРЖИНА

  1. ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
  • Закон за буџетите;
  • Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија;
  • Закон за сметководството на буџетите и буџетските корисници;
  • Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа;
  • Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и стварите во општинска сопственост;
  • Правилник за сметководството  за буџетите и буџетските корисници;
  • Правилник за сметковниот план за буџетите и буџетските корисници;
  • Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници;
  • Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетите;
  • Правилник за обликот и содржината на Билансот на состојбата и Билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници;
  • Упатство за начинот на трезорско работење. 
  1. НАЧИН НА ВОДЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВО
  • Отворање и водење на деловни книги
  • Признавање на приходите и расходите со примери
    • Сметководствени начела за признавање на приходите и расходите: мерливост и расположливост.
  • Проценување на билансните позиции со примери
    • Сметководствено начело за проценување на постојаните средства;
    • Сметководствено евидентирање на набавка, отуѓување, расходување на постојани средства;
    • Сметководствено начело на проценување и вреднување на залихите
    • Сметководствено евидентирање на набавка, потрошок, расходување на залихите;
    • Сметководствено начело на проценување на побарувањата и обврските;
    • Утврдување и одржување на билансна рамнотежа помеѓу одделни билансни позиции;
    • Корекција на сметководствени грешки од тековниот и од претходниот пресметковен период.
  • Пресметка на амортизација
    • Номенклатура и пропишани годишни стапки
    • Начин и метода за пресметка на амортизација
    • Сметководствен и даночен третман на амортизацијата
  • Пресметка на ревалоризација
    • Пресметка – образец РЕВ-1 и РЕВ-2
    • Начин на пресметка на ревалоризација
  • Усогласување на фактичката со сметководствената состојба
    • Спроведување на попис на средствата, побарувањата и обврските
    • Начин на усогласување на констатираните разлики со пописот
    • Сметководствен и даночен третман на кусоци и вишоци
  • Сметководствен и даночен третман на вишокот на приходи над расходи
    • Разлика помеѓу термините вишок на приходи над расходи и добивка
  1. ДАНОЧЕН СИСТЕМ
  • Данок на добивка
    • Обврзници
    • Даночна основица
    • Даночни олеснувања и ослободувања
    • Пополнување на даночен биланс „ДБ“
  • Данок на личен доход
    • Обврзници
    • Даночна основица
  • Данок на додадена вредност
    • Обврзници
    • Даночна основица

ПРЕДАВАЧ

Предавач: 

М-р Ленче Папазовска е професионалец со 40 годишно искуство во сметководство, финансии и деловно право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•   Работен материјал во електронска форма; 
•   Сертификат за присуство.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата изнесува 12.000 денари + ДДВ.

 

За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

 

Почеток:

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт