Back To Top

3

недели

6

средби

24

училишни часа

45

минути час

Kурс по основи на сметководство кај буџетските корисници и локалната самоуправа

Целта на курсот Е ДА ГИ ОСПОСОБИ НА САМОСТОЈНА РАБОТА сите почетниците во областа на сметководството и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација кај буџетските корисници и локалната самоуправа, како и оние лица коишто имаат допирна точка со сметководството или пак сакаат теоретски и практично да го научат буџетското сметководство.

Сите учесници на обуката ќе добијат работен материјал и Сертификат за учество.

Курсот изобилува со практични вежби и примери за брзо и квалитетно изучување на буџетското сметководство и неговата примена. За време на курсот темелно ќе се разгледа законската регулатива којашто се однесува на буџетските корисници и принципите и стандардите на водење сметководство во јавниот сектор.

Предавањата ќе се одржуваат ДВА ПАТИ НЕДЕЛНО (ВТОРНИК И ЧЕТВРТОК) во попладневните часови од 18.00 ДО 21.00 ЧАСОТ.

Курсот е наменет за почетници во областа на сметководството и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација кај буџетските корисници и локалната самоуправа.
Курсот е наменет и за сите оние кои имаат допирна точка со сметководството или пак сакаат теоретски и практично да го научат буџетското сметководство.

Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 24 УЧИЛИШНИ ЧАСОВИ (6 средби/3 недели) ќе го научат основното ниво на сметководство кај буџетските корисници и локалната самоуправа.

ПРОГРАМА НА КУРСОТ:

1. ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

  • Закон за буџетите;
  • Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија;
  • Закон за сметководството на буџетите и буџетските корисници;
  • Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа;
  • Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и стварите во општинска сопственост;
  • Правилник за сметководството  за буџетите и буџетските корисници;
  • Правилник за сметковниот план за буџетите и буџетските корисници;
  • Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници;
  • Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетите;
  • Правилник за обликот и содржината на Билансот на состојбата и Билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници;
  • Упатство за начинот на трезорско работење.

2. НАЧИН НА ВОДЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВО

  • ОТВОРАЊЕ И ВОДЕЊЕ НА ДЕЛОВНИ КНИГИ
  • ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ И РАСХОДИТЕ СО ПРИМЕРИ
    • Сметководствени начела за признавање на приходите и расходите: мерливост и расположливост.
  • ПРОЦЕНУВАЊЕ НА БИЛАНСНИТЕ ПОЗИЦИИ СО ПРИМЕРИ
    • Сметководствено начело за проценување на постојаните средства;
    • Сметководствено евидентирање на набавка, отуѓување, расходување на постојани средства;
    • Сметководствено начело на проценување и вреднување на залихите
    • Сметководствено евидентирање на набавка, потрошок, расходување на залихите;
    • Сметководствено начело на проценување на побарувањата и обврските;
    • Утврдување и одржување на билансна рамнотежа помеѓу одделни билансни позиции;
    • Корекција на сметководствени грешки од тековниот и од претходниот пресметковен период.
  • ПРЕСМЕТКА НА АМОРТИЗАЦИЈА
    • Номенклатура и пропишани годишни стапки
    • Начин и метода за пресметка на амортизација
    • Сметководствен и даночен третман на амортизацијата
  • ПРЕСМЕТКА НА РЕВАЛОРИЗАЦИЈА
    • Пресметка – образец РЕВ-1 и РЕВ-2
    • Начин на пресметка на ревалоризација
  • УСОГЛАСУВАЊЕ НА ФАКТИЧКАТА СО СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СОСТОЈБА
    • Спроведување на попис на средствата, побарувањата и обврските
    • Начин на усогласување на констатираните разлики со пописот
    • Сметководствен и даночен третман на кусоци и вишоци
  • СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ВИШОКОТ НА ПРИХОДИ НАД РАСХОДИ
    • Разлика помеѓу термините вишок на приходи над расходи и добивка

3. ДАНОЧЕН СИСТЕМ

  • ДАНОК НА ДОБИВКА
    • Обврзници
    • Даночна основица
    • Даночни олеснувања и ослободувања
    • Пополнување на даночен биланс „ДБ“
  • ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД
    • Обврзници
    • Даночна основица
  • ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ
    • Обврзници
    • Даночна основица
ПРЕДАВАЧ: 
Курсот го изведува искусен предавач, експерт од областите кои ќе бидат покриени.

Придобивки и цели на курсот

Учесникот ќе биде способен за самостојна работа

Работа на изобилство од практични примери

Познавање на законската регулатива за буџетските корисници и принципите и стандардите на водење сметководство во јавниот сектор.

Високо професионални предавања

Детали за котизација

Цената за еден учесник изнесува 12.000 ден. + ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт