Back To Top

10

недели

60

училишни часа

45

минути час

3

часа средба

Курс по основи на сметководство

СО 80% ПРАКТИЧНА РАБОТА НА СМЕТКОВОДСТВЕН ПРОГРАМ

два пати неделно, 18:00 – 20:30 часот

20 средби, 60 училишни часа

Доколку имате свое претпријатие, сакате да работите како сметководител или сакате вашето теоретско знаење да го преточите во практична примена тогаш оваа обука ќе Ве оспособи за тоа!

Курсот е наменет за почетници во областа на сметководството, студенти и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација, како и оние лица коишто имаат допирна точка со сметководство или пак сакаат теоретски и практично да го научат.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно од 18.00 до 20.30 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ, во текот на 10 недели.

Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 60 часови ќе го научат основното ниво на сметководство.

Програма

  • Поим за сметководство
  • Разлика помеѓу поимите книговодство и сметководство
  • Дефинирање, цели и задачи на сметководството
  • Сметководствени приципи и правила
  • Систем на двојно сметководство
  • Главна книга и т-сметки
  • Контен план и функции на класите
  • Синтетичка и аналитичка евиденција
  • Рамка за подготовка и презентација на финансиските извештаи (ФИ)
  • Корисници на ФИ и нивните потреби за информации
  • Биланс на состојба ( поим, форма и содржина)
  • Биланс на успех ( поим, форма и содржина)
  • Даноци ( данок на личен доход, данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на додадена вредност)
  • Пресметка на данок на добивка
  • Изготвување на даночен биланс за оданочување на добивката
  • Изготвување на даночен биланс на вкупен приход
  • Пресметка на данок на додадена вредност и составување на ДДВ пријава
  • Пресметка на данок на личен доход и користење на системот Е-ПДД
  • Евиденција на основни средства и пресметка на амортизација
  • Евиденција на набавка на ситен инвентар, отпис на ситниот инвентар
  • Изготвување фактури според ДДВ
  • Евидентирање на излезни и влезни фактури
  • Аналитика на купувачи/добавувачи
  • Евидентирање изводи од денарска трансакциска сметка
  • Евидентирање девизни изводи и пресметка на курсни разлики
  • Пресметка и евидентирање на трошоци преку благајна
  • Сметководствена евиденција при извоз и увоз
  • Евидентирање на приходи од продажба на производи, стоки и услуги на домашен и странски пазар
  • Дефинирање на набавната вредност и цена на чинење
  • Залихи и набавна вредност на продадените трговски стоки и цена на чинење на продадените готови производи
  • Методи за вреднување на залихите
  • Цена на чинење на готови производи и услуги
  • Набавна вредност на трговските стоки
  • Трговија на мало: евиденција на трговска книга (ЕТ) приемни листови во трговија на мало (ПЛТ), евидентирање на дневен пазар
  • Изработка и книжење на калкулации при увоз на стоки
  • Евиденција на трошоци
  • Пресметка на плата и надоместоци на плата
  • Пресметка на дневници за службени патувања
  • Евидентирање на цесија и компензација
  • Подготовка на завршна пресметка, затварање на салдата на приходните и расходните конта (класа 4 и 7), евидентирање на резултатот од работењето
  • Отварање на почетен налог за наредната година
  • Практична работа на сметководствениот програм INFOS

Курсот е наменет за:

  1. почетници во областа на сметководството
  2. студенти
  3. вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација
  4. лица коишто имаат допирна точка со сметководство
  5. лица кои сакаат теоретски и практично да научат сметководство

Придобивки за учесниците

учесниците по завршувањето на курсот ќе бидат комплетно подготвени за работа во секторот сметководство

сите учесници ќе добијат сертификат за учество

ефективни предавања и практична работа

работа во мала група

Детали за котизација

  • Котизацијата изнесува 15.000 денари + ДДВ 
  • Попуст за студенти од 20%
  • Можност за плаќање на 5 рати.

За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

Почеток: 13 октомври, рок за пријава: 9 октомври

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт