
4
недели
9
модули
Курс за Content Marketing и Copywriting
95% ОД САЈТОВИТЕ ЧЕКААТ НА ВАС !
Зошто да научите Content Marketing и Copywriting?
По завршувањето на курсот учесниците кои не се вработени имаат екслузивна можност за вработување во етаблиран магазин и портал.
Online обука на платформа:
Вовед
Иако за пишување потребен е и талент, но сепак талентот сам по себе не е доволен за добри текстови кои ќе допрат до публиката. Потребно е секој copywriter да се доусоврши и надгради со конкретни техники и правила на пишување.
Јасно е дека денес главен канал за информирање и продажба е интернетот. А таму доминираат зборовите односно текстот. За еден сајт, портал, блог, реклама…да можат да постигнат цел, нивната содржина мора да биде перфектна. За тоа всушност служи copywriter-от, односно лицето задолжено за креирање на содржината.
Copywriter-ите креираат содржина за веб сајтови, рекламни мејлоби, Facebook и Google реклами, а можат да пишуваат рекламни текстови за весници, радио и ТВ, реклами за билборди, брошури, каталози, соопштенија и слично.
Курсот за Copywriting е осмислен како работилница, заснован на практична работа. Теоретското предавање е сведено на минимум. Се е достапно, почнувајки од различните корисни содржини, па се до високите стручни поддршки.
Кога сте copywriter, изборот на работен ангажман е очигледно голем! Имате привилегија да изберете:
– Работна средина – работа од дома или во компанија,
– Постојан ангажман или хонорарна работа,
– Активност на клиентот – медицина, козметика, спорт, исхрана… Се’ се сведува на продажба и секому му требаат copywriter-и,
– Работа за наши или странски клиенти.
Добро е да се знае дека дури 95% од македонските сајтови бараат модификации, доработки или пишување текстови од почеток, т.е. бара работа на copywriter-от.
Обуката за copywriting трае 4 недели. Часовите се дизајнирани така што ќе научите максимум практични работи за минимално време и ќе стекнете можност ефективно да ги примените во бизнисот.
Програмата на курсот гарантира дека ќе ги добиете најновите знаења од областа на маркетинг и продажно пишување.
СОДРЖИНА
I. Вовед во Copywriting и разбирање на суштината на маркетиншкото пишување
II. Правила за пишување на продажба
III. Основна структура на убедлив текст
IV. Креирање и видови на најважните елементи на текстот – маркетинг наслови и вовед
V. Уредување и контрола на текст
VI. Пишување за веб сајт
VII. Copywriting и online advertising
VIII. Пишување текст за блог
IX. SEO copywriting
Практичниот дел од курсот ќе овозможи примена на теоретскиот дел преку работа на реални проекти. Плус, ќе ги научите основните вештини за SEO (пишување текстови за полесно пребарувачите). Секој учесник добива свој проект и креира текстови за него.
ПРЕДАВАЧ
Раководител на одделот за односи со јавност на Публицис Скопје
Сашо Дуљанов е дел од Публицис Скопје од нејзиното основање во 1996 година. Тој е раководел со различни тимови кои биле вклучени во развивање и имплементација на најразлични кампањи за односи со јавноста, кои вклучувале креирање содржина, избор на алатки и техники за комуникација, пишување на неопходни содржини и нивен ефективен пласман во средствата за јавно информирање. Поседува исклучително искуство: во развивање различни стратегија за односи со јавност ПР консалтинг и кризен ПР. Колумнист во повеќе релевантни медиуми во земјава, повеќе годишен предавач во МИМ (Високата школа за новинарство и односи со јавност), каде има предавано на тема пишување и креативно изразување.


• работен материјал во електронска форма;
• сертификат за присуство
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата за еден учесник изнесува 12.000 денари, плус ДДВ, со можност за плаќање на 6 рати.