Back To Top

3

месеци

40

часа

45

минути час

90

минути една средба

Курс за холандски јазик

онлајн часови, два пати неделно (понеделник и среда),

од 20.00 до 21.30 часот

10 недели, 20 средби

Курсот за холандски јазик е наменет пред сè, за почетници и за деловни луѓе на кои им е потребно да го научат или да го збогатат своето познавање за комуникација на овој јазик. Наменет е и за сите лица кои имаат потреба од остварување на деловна комуникација со партнери кои се лоцирани во Холандија и Белгија и кои го говорат холандскиот јазик.

Како функционира програмата?

Програмата е осмислена како функционален спој на практично и теоретско знаење, кои имаат за цел да го максимизираат ефектот на достигнување во текот на наставните часови.

Видови курсеви:

Општ почетен курс за изучување холандски јазик

– NT2 (холандски јазик за странци)
– Mетода: Delftse Methode

Општи курсеви по деловен холандски јазик

– Деловен холандски јазик – почетно ниво (Beginnersniveau)
– Деловен холандски јазик – средно ниво (Tussenniveau)
– Деловен холандски јазик – напредно ниво (Gevorderd)

Општи информации:

  • Наставата ќе трае вкупно 3 месеци, 40 часови/45 минути час, во блок-часови, два пати неделно, во периодот од 19.30 до 21.00 часот.
  • Секој учесник добива соодветна литература.
  • Работа во мала група.
  • Учесниците се стекнуваат со сертификат за изучување на холандски јазик од соодветното ниво.

Кои знаења ќе се поседуваат по завршувањето на курсот

Правилна формална усна и писмена деловна коресподенција во различни деловни комуникации

Телефонска комуникација

Пишување деловни писма, извештаи, понуди, CV и слично

Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)

Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во деловната комуникација

Толкување различни деловни документи

Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење)

Правилно пишување

Детали за котизација

  • Цената за следење на курсот во група изнесува 10.000 ден. + ДДВ, со можност за плаќање на три рати.
  • Цената за индивидуални часови изнесува 18.000 ден + ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525  и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

почеток: 16 ноември, рок за пријава: 12 ноември

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт