Back To Top

5

недели

10

средби

30

училишни часа

3

училишни часа средба

Курс за камерман

два пати неделно, од 18.30 до 21 часот

10 средби, 30 училишни часа

Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за снимање на слика во телевизиски и продукциски куќи. За време на предавањата, а воедно и во текот на практичната настава ќе се анализира начинот на снимање слика со помош на неколку видови професионални, полуаматерски и аматерски видови на камери. Учесниците ќе научат да снимаат видео примероци кои се користат во реклама, тв емисија, документарен филм.

Начин на одржување на часовите:

Курсот се реализира во текот на пет недели, два пати неделно по три училишни часа, од кои два часа предавања и презентирање а по еден час вежби. Курсот се реализира во попладневните часови, од 18.30 до 21 часот, во просториите на Институт Концепт.

ОБЛАСТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ПОКРИЕНИ НА ПРЕДАВАЊАТА:

1. Основни поими и карактеристики на камери
–    разликување HD од SD снимање
–    разликување ентериерно од екстериерно снимање
–    распознавање и користење алатки кои го олеснуваат процесот на снимање (стативи, steady cams, зиберки …)
–    видови дополнителни осветлувања кои би го подобриле квалитетот

2. DSLR камери
–    справување со недостатоци кај DSLR камери
–    користење соодветни објективи во конкретни ситуации
–    препознавање материјал снимен со ваков вид камера
–    работа на терен

3.  HD камери
–    справување со недостатоци кај HD камери
–    препознавање на материјал снимен со таков вид камера
–    работа на терен

4. Балансирање на слика
–    режими на снимање кои ги содржи камерата и режими прилагодливи на ситуацијата.
–    бленда и експозиција
–    температура на боја

5. Кадрирање и промена на планови
–    распознавање снимателски речник / комуникација на терен
–    определба на планови на снимање
–    распознавање и читање сценарија
–    промена на ракурси

6. Микрофони за снимање на тон
–    начини на распознавање и користење на надворешни микрофони кои се приклучуваат на камерата
–    видови микрофони кои најчесто се користат во телевизиски снимања.

7. Комуникација
–    соработка со корисниците на услугите, соработниците и со претпоставените; деловна комуникација, соодветна терминологија.

КУРСОТ Е НАМЕНЕТ ЗА:

Почетници кои планираат да се занимаваат со снимање на слика, а исто така и за лица кои професионално или полупрофесионално се занимаваат со оваа професија. Крајната цел е учесниците да бидат оспособени самостојно и во тим да работат како видео сниматели.

Детали за контакт

За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт