Back To Top

5

недели

10

средби

30

училишни часа

3

училишни часа средба

Почетен курс за Adobe Premiere

два пати неделно , од 17.00 до 19.30 часот

10 средби, 30 училишни часа

Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за монтажер на слика и тон во телевизиски куќи и продукции. За време на предавањата опсежно ќе биде елабориран процесот на монтирање на видео, слика и тон, како и процесот на обработка на видео и аудио материјали, едукација во областа на монтирањето и добивање сертификати за работа како видео монтажер.

Детално ќе бидат образложени и совладани чекорите и процесите на подготвување на видео прилог за телевизиско емитување (прилог за вести, прилог за во емисија, телевизиски реклами и телевизиски спотови) и за изработка на видео материјал за на интернет, во комплетно опремена училница за монтирање (компјутери за монтирање, видео камера како и телевизор за прегледување на готовите прилози).

Начин на одржување на часовите:

Предавањата од курсот ќе се реализираат во 30 училишни часа, 10 средби, во текот на 5 недели (два пати неделно), од 17.00 до 19.30 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ.

ВАЖНО!! Со оглед на видот на курсот – практични вежби, учесниците е потребно да носат преносен компјутер (лап-топ) на предавањата.

ОБЛАСТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ПОКРИЕНИ НА ПРЕДАВАЊАТА:

1. Основни поими, карактеристики и запознавање со програмот Adobe Premiere
2. Основни техники на монтирање на слика и тон
3. Работа со генерирани медиуми
4. Работа со аудио материјали
5. Употреба на видео ефекти
6. Практични вежби

КУРСОТ Е НАМЕНЕТ ЗА:

Почетници кои планираат да се занимаваат во видео монтажа, а исто така и за лица кои професионално или полупрофесионално се занимаваат со оваа професија. Крајната цел е учесниците да бидат оспособени самостојно и во тим да работат како видео монтажери.

Детали за котизација

  • Котизација: 1500 денари месечно на 6 месечни рати со вклучен ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт