
3
месеци
40
училишни часа
45
минути час
90
минути една средба
Курс за словенечки јазик
Начин на реализација: online
Платформа:



|
|
ЗОШТО СТУДИИ ВО СЛОВЕНИЈА?
• Без приемни испити
• Можност за работа во текот на студиите
• Призната диплома во целата ЕУ и САД
Македонските државјани и државјаните на екс ЈУ републиките можат да студираат во Словенија без школарина, врз основа на билатералните договори. Бесплатни студии имаат и државјаните на Европската унија.
Во Словенија има 6 универзитети, а студентите можат да бираат помеѓу повеќе од 1500 студиски програми.
Уписите се без приемни испити, освен на уметничките смерови, а сертификат за знаење на јазикот на Б2 ниво е потребно само за неколку студиски програми.
А1-А2 ниво почеток:
два пати неделно
9 недели, 18 средби
Б1-Б2 ниво почеток:
два пати неделно
10 недели, 20 средби
Курсот за словенечки јазик е наменет пред сè, за почетници на кои им е потребно да го научат или да го збогатат своето познавање за комуникација на овој јазик. Курсот е особено погоден за сите матуранти и заинтересирани лица за студирање во Словенија, бидејќи ќе се стекнат со основни познавања на јазикот, но и со посебен вокабулар соодветен на студиите коишто ќе ги слушаат во Словенија.
Како функционира програмата?
Програмата го следи стандардизираниот курс на студии СФИ кои ги опфакаат степените А1, А2, Б1 и Б2 според заедничката европска рамка на јазици. Истата опфаќа функционален спој на практично и теоретско знаење, кои имаат за цел да го максимизираат ефектот на достигнувањето во текот на наставните часови.
Кои знаења ќе се поседуваат по завршувањето на курсот?
А1 и А2 ниво:
- Правилна формална усна и писмена коресподенција со можност на осврт во различни деловни комуникации
- Телефонска комуникација
- Пишување неформални писма, понуди, табели, докум енти и слично
- Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
- Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во секојдневната и деловната комуникација
- Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење)
Б1 и Б2 ниво:
- Правилна формална усна и писмена коресподенција со можност на осврт во различни деловни комуникации
- Телефонска комуникација
- Пишување деловни писма, извештаи, понуди, CV и слично
- Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
- Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во деловната комуникација
- Толкување различни деловни документи
- Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење)
Општи информации:
А1 и А2 ниво:
- Наставата ќе се одвива во текот на 18 средби (36 училишни часа) коишто траат по 90 минути, два пати неделно;
- Секој учесник добива соодветна литература;
- Работа во мала група;
- За изучување на јазикот се организираат и индивидуални часови, 18 средби (36 училишни часа);
- Учесниците се стекнуваат со сертификат за изучување на словенечки јазик за почетно ниво.
Б1 и Б2 ниво:
- Наставата за Б1-Б2 ќе се одвива во текот на 20 средби (40 училишни часа) коишто траат по 90 минути, два пати неделно;
- Секој учесник добива соодветна литература;
- Работа во мала група;
- За изучување на јазикот се организираат и индивидуални часови, 20 средби (40 училишни часа);
- Учесниците се стекнуваат со сертификат за изучување на словенечки јазик за Б1-Б2 ниво.
Детали за котизација
|
|
|
За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:
телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526
e-mail: institut@koncept.com.mk