
4
недели
32
училишни часа
45
минути час
180
минути една средба
Модул: Project Management (Проектен менаџмент)
Модулот ќе се реализира со физичко присуство.



Проектите се дел од нашето секојдневие, како во приватниот живот, така и во сите сфери на бизнисот и работата во приватниот и јавниот сектор. Низа фактори придонесуваат бројот на проектите постојано да се зголемува, а со тоа се зголемува и потребата од нивното правилно управување. Проектниот менаџмент, односно управувањето со проектите е вештина која треба да обезбеди проектите да бидат реализирани со предвидените ресурси, во предвидениот рок и со потребниот квалитет.
Проектите, како специфични потфати, бараат примена на поинакви знаења и алатки во однос на оние кои се применуваат во секојдневното менаџирање со бизнисот и институциите. Оваа обука има за цел токму да ви помогне да ги стекнете овие знаења, а со низа практични примери и самостојна работа, да ви овозможи и да се стекнете со потребните вештини во иднина поуспешно да ги реализирате сопствените проекти, како и поефикасно да придонесете кон успехот на проектите во кои учествувате како член на тимот. |
Времетраење на модулот:
|
|
|
ПРЕДАВАЧ
Сашо Арсов,
редовен професор на Економскиот факултет, Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје
Сашо Арсов е редовен професор на Економскиот факултет, Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Ги предава предметите финансиски менаџмент, проектен менаџмент и инвестиционен менаџмент. Работел на повеќе проекти за потребите на Светската банка, UNDP, Европската комисија и други приватни и државни корисници. Бил и член на Советот на Народната банка на РМ.
Автор е на повеќе од 70 стручни и научни статии објавени во земјата и странство. Неговиот научен интерес опфаќа: корпоративни финансии, финансиски пазари, проектен менаџмент, портфолио менаџмент и пазари на капитал, јавни проекти и сл. Автор е и коавтор на учебници по Финансиски менаџмент и Инвестициски менаџмент.
Целна група:
Обуката е наменета за сите кои работат на проекти, иницираат проекти и влијаат на нивниот успех, вклучувајќи ги и инвеститорите и крајните корисници. Обуката е наменета за сите оние со интерес во управувањето со проекти или оние кои размислуваат да се преселат во тоа поле.
• Високо и средно раководство на компаниите
• Тековни и идни проект менаџери и членови на проектниот тим
• HR менаџмент
• Вработени во државна администрација и локална самоуправа.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
• работен материјал
• сертификат
• сертификат на англиски јазик
• пристап до кариерен центар на Институт Концепт
• пристап до отворени повици за вработување
|
Детали за котизација
|
|
Почеток: 16 октомври 2023 година