Back To Top

5

недели

12

модули

7

часа теорија

25

часа практична работа

Модул за современ деловен асистент – вештини и предизвици

Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
  31 октомври 2023 година
два пати неделно (вторник и четврток), 18:00-20:30 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

Скоро и да не постои организација без деловен асистент. Потребата за ова професија постојано расте. Деловниот асистент е столб на секоја организација. Ги премостуваат комуникациите помеѓу менаџментот, вработените и клиентите.

Денес нема повеќе „обични секретари“ кои само одговараат на телефон и ја чуваат документацијата. За овие работни места дури и не ви треба специјална обука. Денес, кога станува збор за позицијата деловен асистент, од вработениот се очекува да знае многу повеќе, постојано да ги подобрува и следи деловните трендови.

Деловниот асистент преку комуникација со деловните соработници и клиенти, го гради мислењето и впечатокот за целата организација. Затоа е од големо значење за деловниот успех.

Првата средба на многу клиенти со компанијата се одвива преку деловен асистент, па затоа е исклучително важно лицето, кој со својот став и вештини може на вистински начин да ја претстави својата организација.
Исто така, деловниот асистент обезбедува максимална поддршка на претпоставените и ја олеснува нивната работа.

Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски. Во денешно време од администраторот се очекува да извршува постојано повеќе работни активности истовремено, што од него бара силно чувство за организираност.

Поради важноста која ја има деловниот асистент за работењето на една организација, без разлика на неговата големина, Институт КОНЦЕПТ повторно  го поставува модулот за деловен асистент. За време на часовите ќе се запознаете со неколку сегменти односно: деловни вештини, обврски од област на човечки ресурси, општи и правни работи, канцелариско и архивско работење, како и деловна етика и организација на работното место.

Времетраење

  • 10 средби/5 недели, 30 училишни часа
  • два пати неделно (вторник и четврток), )18.00 – 20.30 часот

Придобивки од модулот:

  • Eден поинаков начин за обука на деловните асистенти
  • Повеќе практично работење низ обуката
  • Индивидуално практицирање за време на самото предавање
  • Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето на обукатa

 

МОДУЛИ

МОДУЛ 1.УЛОГАТА НА ДЕЛОВНИОТ АСИСТЕНТ ВО СОВРЕМЕНОТО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ

  • Запознавање со позицијата деловен асистент
  • Вештини и карактеристики кои треба да ги поседува еден деловен асистент
  • Личноста на деловниот асистент;
  • Начинот на кој функционираат малите, средните и големите претпријатија и деловниот асистент во нив

МОДУЛ 2.ДЕЛОВНА ТАЈНА – ШТО Е ПО ЗАКОН ДЕЛОВНА ТАЈНА?

  • Интерни акти
  • Што е деловна тајна и на кого таа се однесува и во кои ситуации?
  • Што е професионална тајна и на кого таа се однесува и во кои ситуации?
  • Класифицирани податоци и управување со нив

МОДУЛ 3.ЕФЕКТИВНА И ЕФИКАСНА ТИМСКА  КОМУНИКАЦИЈА

  • Правила и техники за успешна комуникација
  • Деловна кореспонденција (усна и писмена);
  • Внатрешни и надворешни комуникациски вештини;
  • Напредни комуникациски вештини (комуникација со соработници и деловни партнери со практични вежби, напредни вештини за деловно допишување со употреба на современи технологии);
  • Тимска работа и комуникација во тимот

МОДУЛ 4.ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРОСТОР И ПРОЦЕСИ

  • Организација на работен простор
  • Организација на состаноци и настани
  • Тек на состаноци и водење на записник, подготовка на промоции и презентации

МОДУЛ 5.УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕ

  • Дневен ред
  • Матрица итно-важно
  • Преземање одговорност за туѓи работи
  • Крадци на време
  • Крадци на енергија

МОДУЛ 6.УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС

  • Стресот како составен дел на работата – да го разбереме и управуваме
  • Тимската работа и проблемите во тимот како извор на стрес

МОДУЛ 7.КОМУНИКАЦИЈА СО ТЕШКИ И АГРЕСИВНИ ЛУЃЕ

  • Причини поради кои луѓето стануваат тешки и агресивни
  • Три чекори за управување со тешки и агресивни клиенти
  • Зборови и реченици со кои управуваме со тешките и агресивни клиенти
  • Состојба на умот која ни помага при управувањето со тешките и агресивни луѓе

МОДУЛ 8.АСЕРТИВНОСТ – КАКО ДА СЕ ЗАЗЕМЕТЕ ЗА СЕБЕ, А ДА НЕ ГИ ЗАГРОЗИТЕ ДРУГИТЕ

  • Да се биде асертивен
  • Што е асертивност?
  • Што не спречува да бидеме асертивни?
  • Како да се биде асертивен во секоја деловна ситуација

МОДУЛ 9.ДЕЛОВНА ЕТИКА, РАБОТНО МЕСТО 

  • Почитување и примена на начелата за деловна и службена тајна
  • Комуникација со клиенти и вработени
  • Подготовка за состаноци, промоција, презентација и службени патувања
  • Планирање и изговување на распоред на работни активности
  • Деловна етика
  • Организација на работен простор

МОДУЛ 10.ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – М1/М2 

  • Договор за вработување (основни елементи, форма, содржина, склучување, измени и престанување на важност на договор)
  • Објавување на оглас за ново вработување
  • Раскинување договор за работа
  • Пријавување во задолжително социјално осигурување (М1)
  • Одјавување од задолжително социјално осигурување (М2)

МОДУЛ 11.ОПШТИ И ПРАВНИ РАБОТИ

  • Изработување на договори (елементи на договори)
  • Решение за годишен одмор; Користење на годишен одмор (услови)
  • Дописи, известувања, одлуки (форма и елементи)

МОДУЛ 12.КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ 

  • Предмет, цел и содржина на закон за архивски материјал
  • Цели и принципи на канцелариско и архивско работење
  • Примање и издавање на документи
  • Запознавање со упатството за канцелариско и архивско работење
  • План на архивски знаци/листа на архивски материјал
  • Листа на документарен материјал со рокови за негово чување
  • Водење на деловодник

 

ЦЕЛНА ГРУПА на модулот се:
Модулот е наменет за почетници во административната работа, студенти, вработени лица на позиција деловен асистент, администратор, офис менаџер, секретар/ка, како и лица кои имаат допирна точка со административното работење, активно го практикуваат на базична основа и сакаат ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ!

Сите учесници на крајот од модулот ќе се здобијат со сертификат за учество.

Придобивки и цели

Eден поинаков начин за обука на деловните асистенти

Повеќе практична работа низ модулите

Индивидуално практицирање за време на самото предавање

Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето на обуката

Детали за котизација

Котизацијата изнесува 20.000 ДЕНАРИ + ДДВ

Можност за плаќање на рати

За сите дополнителни информации во врска со академијата контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт