Back To Top

 МОДУЛ: “СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ”  

Online обука на платформа:

два пати неделно (вторник и четврток), 16:00-18:30 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Целта на модулот е учесниците да стекнат сеопфатно и целосно знаење и вештини кои се потребни за самостојна и компетентна работа во областа на работните односи.

Исто така целта на модулот е учесниците да се запознаат со меѓусебната поврзаност и условеност при остварување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос, како и со начините на решавање на проблемите што се јавуваат во пракса при нивното реализирање.

Овој модул ќе Ви овозможи да станете докажан професионалец во областа на работните односи и да стекнете со сертификат за истиот.

Програмата за модулот Специјалист за работни односи се состои од 9 модули. Модулот за стекнување квалификации се заснова на практиката на трудовото право во нашата земја и на употребата на стекнатите знаења и вештини во реално работно опкружување.

Модулите за обука ќе бидат водени од врвни и докажани експерти. Сите учесници ќе добијат  референтни материјали и документација што ја придружува обуката.
Имајќи ги предвид големиот број прашања што се регулирани со овој закон, знаењето и доследната примена на одредбите на овој закон е од голема важност, како за работодавците, здруженијата на работодавачи, така и за вработените и здруженијата на вработените (синдикати).

  МОДУЛИ

МОДУЛ 1. ОСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС И ДРУГИ ФОРМИ НА ВРАБОТУВАЊЕ

МОДУЛ 2. РАБОТНО ВРЕМЕ, ОДМОРИ И ОТСУСТВО

МОДУЛ 3. ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА ВРАБОТЕНИ

МОДУЛ 4. СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА РАБОТНОТО МЕСТО – ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА И ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ И ВРАБОТЕНИТЕ

МОДУЛ 5. ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ ПРИХОДИ

МОДУЛ 6. ПРАВО НА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

МОДУЛ 7. ПРЕКИН НА РАБОТЕН ОДНОС

МОДУЛ 8. ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

МОДУЛ 9. УПАТУВАЊЕ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО

Времетраење

  • 8 средби/4 недели, 32 училишни часа
  • два пати неделно

Придобивки од модулот:

  • Eден поинаков начин на обука за работни односи
  • Повеќе практично работење низ обуката
  • Индивидуално практицирање за време на самото предавање
  • Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето на обуката

ПРЕДАВАЧИ 

Модулот го изведуваат искусни предавачи, експерти од областа на работните односи.

 

ЦЕЛНА ГРУПА

  • Правници;
  • Менаџери за човечки ресурси кои се занимаваат со работни односи;
  • Сите кои сакаат да стекнат и / или сакаат да го збогатат своето знаење од областа на работните односи.

Сите учесници на крајот од модулот ќе се здобијат со сертификат за учество.

Детали за котизација

Котизацијата изнесува 20.000 денари + ДДВ со можност за плаќање на рати.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт