Back To Top

6

средби

18

часа

45

минути час

3

училишни часа средба

Напредни техники за работа во Еxcel

два пати неделно, 17.00-19.30 часот

6 средби, 18 училишни часа

Excel е една од најпопуларните програми во светот, а се користи во речиси секоја компанија особено за изработување на табели, графикони и бази на податоци. Основните функции, графичкото прикажување на податоците, поврзувањето на базите на податоци, збирот од готови алатки за генерирање на извештаи, како и размената на податоци со други програми и апликации им овозможуваат и на најсложените корисници задоволителни решенија.

Целта на курсот е учесниците да научат како да го користат Excel на напредно ниво, да изведуваат покомплицирани функции, да се запознаат со начините на форматирање на табели и податоци во нив, да научат како да користат формули за пресметување на елементите од фактурите, да прават пресметка на биланс, да анализираат податоци, како и да ги совладаат базите на податоци, Пивот табели, графикони и многу други корисни функционалности.

ВАЖНО!! Со оглед на видот на курсот – практични вежби, учесниците е потребно да носат преносен компјутер (лап-топ) на предавањата.

Курсот е наменет за:

Вработени во компаниите кои веќе го користат Excel програмот во своето секојдневно работење, невработени лица кои сакаат да ја збогатат својата биографија при аплицирање за работа, како и за сите кои сакаат да го прошират и подигнат своето практично знаење на повисоко ниво.

Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 18 училишни часови ќе го совладаат напредното ниво на курсот за работа во Excel.

Програма на курсот:

  • Kористење на табели во рамки на работниот лист
  • Формат и содржина на ќелија – разлика и употреба, копирање на формат и содржина (посебно и истовремено)
  • Автоматизирање на работата во Excel
  • Додавање и користење на имиња во формулите
  • Додавање коментари во ќелиите
  • SUMIF – условно собирање
  • COUNTIF – условно пребројување
  • Conditional formatting – условно форматирање на ќелиите
  • (Left, Right, Mid, Rept, Concetanate…) – текстуални функции
  • Функции за датум и час
  • PMT и NPER финансиски функции
  • What If анализа – Goal Seek алатка
  • Основи на бази на податоци во Excel
  • Откривање на предностите и ограничувањата на базите на податоци во Excel
  • Сортирање на бази на податоци во Excel
  • Филтрирање на бази на податоци во Excel
  • Review таб – коментари и заштита на работни листови и датотеки
  • SUBTOTAL – собирање на полиња во филтрирана база на податоци
  • Групирање на податоци
  • VLOOKUP функција
  • Пивот табели и графикони
  • Графички приказ на податоци во рамки на ќелија (Sparklines)
  • Consolidate функција – консолидирање на податоци
  • Валидација на податоци

Детали за котизација

  • Котизација: 1200 денари месечно на 6 месечни рати со вклучен ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт