
3
недели
6
средби
24
училишни часа
4
училишни часа средба
Научете се’ за Mailchimp!
НАЈКОРИСТЕНАТА АЛАТКА ЗА E-MAIL МАРКЕТИНГ!
два пати неделно (вторник и четврток), 18:00 – 21:00 часот
6 средби, 24 училишни часа
Целта на курсот е:
- да ги трансформира класичните маилови во стилизирани и препознатливи newsletter-и.
- компаниите да ја зголемат продажбата
- да привлечат повеќе корисници
ВАЖНО!! Со оглед на видот на курсот – практични вежби, учесниците е потребно да носат преносен компјутер (лап-топ) на предавањата.
MailChimp е водечка автоматизирана платформа за маркетинг. Веројатно сте слушнале или веќе ја користите. Во секој случај, MailChimp неможе да се игнорира кога станува збор за email маркетинг кампањите.
MailChimp е алатка што вашиот емаил маркетинг ќе го подигне на повисоко ниво. Оваа алатка ви овозможува да креирате e-mail бази, лесно и едноставно да креирате прекрасно дизајнирани меилови, да следите аналитика, колку корисници ги отвориле вашите меилови, колку од нив кликнале на линковите и многу повеќе.
Доколку барате професионален изглед, едноставно прилагодување и дополнителни елементи, MailChimp е веројатно првиот избор.
Добро обликуваниот newsletter ќе привлече големо внимание кај корисиците. Визуелно ќе ги заинтересира и одлично ќе го претстави вашиот бренд. Може да се обликува за различи уреди како што се телефонските уреди и компјутери.
MailChimp испрака повеќе од милијарда меилови дневно, тој создава голем број на производи и услуги, им помогна на огромен број на бизниси да пораснат.
АГЕНДА НА КУРСОТ
МОДУЛ 1: Креирање на e-mail мaркетинг план
– дефинирање на групи
– регистрација
– сегментирање и правење групи
– креирање на newsletter
– фрекфенција на достава на маилови и целни групи
– распоред на достава на маил
МОДУЛ 2: Креирање на бази
– креирање на бази
– сегментирање на бази
МОДУЛ 3: Дизајнирање на newsletter
– алатки за подготовка на дизајн
– креирање на препознатлив дизајн
МОДУЛ 4: Тестирање на newsletter
МОДУЛ 5: Мерење на перформансите, резултатите од кампањата
– отварања и кликања
– поврзувања со веб страна
– ре-маркетинг
МОДУЛ 6: Проектна задача
Курсот е наменет за:
- Маркетинг менаџери и вработени во маркетинг сектор
- Менаџери за продажба и вработени во продажен сектор
- Менаџери за развој на бизнисот; бренд менаџери; продукт менаџери; медија планери;
- Претприемачи/сопственици на мали и средни претпријатијa
- Лица кои планираат професионално да се занимаваат со дигитален маркетинг
- Студенти
- Сите оние кои сакаат да го усовршат своето знаење
Придобивки од курсот

учесниците по завршувањето на курсот комплетно ќе бидат подготвени за користење на програмот mailchimp.

ефективни предавања и 80% практична работа на реални задачи

работа во мала група, 24 училишни часа, 3 недели, 2 средби неделно

учесниците ќе се стекнат со сертификат за завршен курс, препознатлив кај нас
Предавач

Николај Томашевски
креативен директор на Kapital Media Group
Николај Томашевски e долгогодишен креативен директор на Kapital Media Group и основач и сопственик на студиото за графички дизајн Infinity Design. Специјалист за програмски софтвери за графички дизајн и анимација на Adobe и AutoDesk за изработка на креативни решенија за принт, електронска комуникација и дизајни за социјални мрежи (Facebook, Instagram, Linkedin…) Во своето портфолио има голем број на проекти од полето на media & publishing, визуелизација на ивенти и конференции, креативи за маркетинг и адвертајзинг кампањи од доменот на уметноста, издавашвото, економијата и политиката.
Детали за котизација
- Котизацијата изнесува 6.000 денари + ДДВ со можност за плаќање на 3 рати.
- За студенти следува попуст од 20%.
За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:
телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526
e-mail: institut@koncept.com.mk
Почеток: 17 февруари 2021 година, Рок за пријава: 15 февруари