Back To Top

ONLINE ЕДУКАЦИЈА

Благодарение на брзиот напредок на технологијата, онлајн едукацијата е дел од понудите на обуки и курсеви на многу институции ширум светот. Од сертификати, постдипломски и докторски студии, курсеви за изучување на странски јазици и многу други категории на формално и неформално образование, учењето преку Интернет никогаш не било толку лесно!

Институт КОНЦЕПТ секогаш е во чекор со најновите светски и регионални трендови во областа на едукацијата. Дел од нашите програми, обуки и курсеви се достапни за учење од далечина, преку платформата ZOOM. Како компанија која долги години успешно опстојува на полето на едукација, обединуваме високо искусни тренери со инспирирани професионалци и индивидуи кои сакаат да се надградат лично и професионално и гарантираме дека квалитетот на тренинзите останува непроменет без разлика дали се онлајн или со физичко присуство.

  • Повеќе од 6 милиони студенти во моментов користат различни платформи за онлајн едукација како дел од нивната програма за високо образование.
  • 85% од учениците сметаат дека учењето преку Интернет е исто или подобро од традиционалното искуство во училницa.
  • Околу 70% од „онлајн“ студентите се искусни професионалци.
  • Речиси истиот процент од онлајн студентите ги користат своите мобилни уреди за да ги следат предавањата.
*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт