
4
недели
8
средби
24
училишни часа
3
училишни часа средба
Почетен курс за Adobe Photoshop
Курс за унапредување на Вашите технички вештини
два пати неделно (среда и петок), 18.30-21.00 часот
8 средби, 24 училишни часа
Adobe Photoshop е дефинитивно една од најкористените програми на денешницата. Тоа навистина не е случајност, речиси и нема граници на она што можете да го произведете во оваа програма.
Овој воведен курс ги покрива основните функции на програмата кои ќе ви помогнат да започнете да ги едитирате и подобрувате вашите фотографии. Во текот на курсот преку реални примери ќе бидат прикажани процесите на повеќе типови на едитирање, по што и самите учесници преку практични вежби ќе можат да ги испробаат алатките кои биле покажани. За секоја вежба ќе ви бидат обезбедени соодвети фајлови, фотографии и упатства, како и директен менторинг од иструкторот.
Предавањата од курсот ќе се реализираат во 8 средби, во текот на 4 недели, два пати неделно, од 18.00 до 21.00 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ.
ВАЖНО!! Со оглед на видот на курсот – практични вежби, учесниците е потребно да носат преносен компјутер (лап-топ) на предавањата.
Програма на курсот:
Ден 1
– Како фукционира програмата
– Интерфејс
– Слоеви
– Вежби
Ден 2
– Трансформации
– Селекции
– Четки
– Филтри
– Вежби
Ден 3
– Маски
– Adjustment слоеви
– Вежби
Ден 4
– Ретуширање
– Бришење објекти
– Бришење/менување позадина
– Вежби
Ден 5
– Композиција на фотографија
– Blending modes
– Вежби
Ден 6
– Композиција на дизајн
– Типографија
– Стилови на слој
– Вежби
Курсот е наменет за:
Сите оние кои сакаат да се стекнат со основно знаење за практична работа во Adobe Photoshop.
Учесниците ќе се здобијат со знаење за:

Отворање и зачувување фотографии во соодветен формат

Сечење и промена на димензии на фотографија

Подесување на изгледот на фотографијата (контраст, светлина, итн..)

Бришење објекти, бришење и промена на позадина

Ретуширање фотографии

Цртање во Photoshop

Дизајн во Photoshop

Додавање графички елементи
Детали за котизација
- Котизација: 1500 денари месечно на 6 месечни рати со вклучен ДДВ.
За сите дополнителни информации во врска со курсот контактирајте не на:
телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526
e-mail: institut@koncept.com.mk