Back To Top

4

модули

4

часа

ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ (PROJECT MANAGEMENT)

Начин на реализација: со физичко присуство
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Во услови кога „проектот“ е еден од најчесто користените, но воедно и најмалку разбран поим, а организациите и цели системи живеат во средина која брзо се менува, потребата за управување со овие трансформации на структуриран начин никогаш не била поголема.
Проектите се инструмент на овие промени, а оние кои успешно ќе ја совладаат вештината на управување со проекти, го држат клучот за сопствената иднина во свои раце.Во борбата за позиција на пазарот, особено се важни оптимизацијата на напорите и трошоците – да се постигнат целите на проектот по најкраток пат, што е можно поефикасно и побрзо. Организациите кои успешно управуваат со проекти драстично ќе ја зголемат веројатноста за нивниот позитивен исход, со што ќе го максимизираат профитот, оперативната ефикасност и задоволството на нивните клиенти, партнери, сопственици и вработени.Оваа обука претставува преглед на целото поле за управување со проекти на јасен и концизен начин, како и увид во главните методи, техники и алатки кои најчесто се користат во сите фази на проектот. Оваа обука ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со базичните поими во управувањето со проекти, да дознаат што е проект, да разберат што е потребно за да се биде успешен во структурирањето проекти и управувањето со нив, како и информации за тоа како да ги користат сите овие аспекти во пракса.  Учесниците на обуката ќе се запознаат со аспекти поврзани со управувањето со проекти, процесите кои го сочинуваат управувањето со еден проект и ќе можат да се стават во улога на проект менаџер на забавен, интерактивен и практичен начин.Главните карактеристики на проектот се: опсег, испораки, работни пакети, буџет, календар и организациска шема на проектот. Голем дел од успехот на проектот лежи во реалното планирање на секоја од овие ставки, а магијата е во нивниот интегритет. Ова е фокусот на оваа обука.

Обуката oпфаќа изучување на PRINCE2 методологијата за управување со проекти која ја нагласува организацијата и контролата. Акронимот PRINCE2 се однесува на “PRojects IN Controlled Environments.” Оваа рамка за управување со проекти е линеарна и базирана на процеси, фокусирајќи се на движење на иницијативите низ претходно дефинирани фази. PRINCE2, исто така, вклучува основни принципи за управување со проекти, како што е преглед на обемот и буџетот на Вашиот проект.
PRINCE2 е високо призната форма на управување со проекти. Оваа методологија е екстремно флексибилна, односно е креирана за да се приспособи на секаков вид на проект во која било индустрија. Една од главните придобивки од користењето на методологијата PRINCE2 е јасноста. Некои методологии за управување со проекти имаат не толку добро дефинирани насоки, но секој член на тимот што користи PRINCE2 има јасна, концизна и дефинирана улога.

Принципите на PRINCE2 се применливи на кој било тип на проект и тоа ќе ви помогне да управувате со ризикот, да го контролирате квалитетот и ефективно да реагирате, како и да го извадите максимумот од предизвикувачките ситуации и можности кои се појавуваат во проектот.

ПРОГРАМА

•  Проект и управување со проект

  • Проект и управување со проект – основни поими
  • Процесни групи за управување со проекти
  • Подрачја на знаење за управување со проекти
  • Фази на проектниот циклус
  • Организациско влијание врз управувањето со проекти
  • Управување со интеграција на проекти
  • Опсег на производ и опсег на проектот
  • Изработка на план за управување со опсег
  • Дефинирање на опсегот и дефинирање на структурата на WBS
  • Валидација на опсегот и контрола на опсегот
  • Животен циклус на проектот

•  Управување со времето и трошоците на проектот

  • Креирање и контрола на временскиот распоред
  • Креирање план за управување со временски распоред
  • Креирање на план за управување со трошоците
  • Проценка и контрола на трошоците

•  Управување со ресурсите и квалитетот на проектот

  • Квалитетно планирање
  • Обезбедување на квалитет
  • Контрола на квалитет
  • Управување со човечки ресурси на проектот
  • Развој на план за управување со проектен тим
  • Формирање, развој и управување со проектниот тим

•  Управување со проектните ризици и набавки

  • Управување со проектен ризик
  • Креирање на план за управување со ризик
  • Идентификација и анализа на ризик
  • Планирање на соодветни одговори и контрола на ризикот
  • Управување со набавките на проектот
  • Планирање и извршување на набавките
  • Контрола на набавката и затворање

•  Управување со комуникација и проектни чинители

  • Управување со проектни комуникации
  • Планирање, управување и контрола на проектните комуникации
  • Управување со засегнатите страни во проектот
  • Идентификација на засегнатите страни
  • Креирање на план за управување со засегнатите страни
  • Управување и контрола на ангажирањето на засегнатите страни

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник изнесува 25.000 денари, плус ДДВ.
Можност за плаќање на рати.

За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 20.000 денари, плус ДДВ.

 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт