Back To Top

5

недели

4

теми

16

часа теорија

34

часа практична работа

Станете архивар со официјална диплома!

модул за канцелариско и архивско работење

два пати неделно (понеделник и среда), 18:00-21:00 часот

10 недели, 50 училишни часа

Учесниците на курсот кој успешно ќе го завршат предавањето, ќе се стекнaт со официјална диплома АРХИВАР, препозната и призната од Р. Македонија на ниво на завршено средно формално образование.

Број на часови:

50 училишни часа распоредени во 5 недели (10 средби).

Распоред на часови:

два пати неделно (понеделник и среда), од 18.00 до 21.00 часот. Програмата по која ќе се одвива предавањето е верифицирана од Центарот за стручно образование и Министерството за образование и наука.

Денес канцелариското и архивското работење е високо регулирана професија. Не постои организација, јавна или приватна во која не се води евиденција за целиот проток на документи. Оттука произлегува и интересот за изучување на оваа област. Занимањето АРХИВАР е регулирано со стекнување на формална диплома одобрена од Центарот за стручно обаразование и Министерството за образование и наука.

Во таа насока Институт КОНЦЕПТ организира курс за АРХИВАР. Учесниците на курсот кој успешно ќе го завршат предавањето, ќе се стекнат со официјална диплома препозната и призната од Р. Македонија на ниво на завршено средно формално образование.

Овој курс е креиран за лица кои воопшто немаат или имаат почетни познавања од областа на архивирањето, а имаат желба или потреба комплетно да се обучат и оспособат за канцелариско и архивско работење.

Kурсот според содржината на предавањата, бројот на часовите, вежбите и начинот на реализација е моделиран да обезбеди резултати кај сите учесници кои ќе го посетат курсот. Со други зборови, организаторот гарантира дека по завршувањето на курсот сите учесници ќе бидат комплетно оспособени за работната позиција архивар.

Содржината на предавањата опфаќа: законска рамка и техники на архивирање како што се: евиденција, прием на документи, начин на пополнување на штембили и печат, евидентирање на документите во деловодник и помошни книги.

Секоја тема е проследена со 1 час теорија, а 3 часа практични вежби.

Вежбите ќе бидат креирани соодветно на индустриите на пријавените учесници со цел да им се помогне во нивната успешна примена во рамки на секојдневните работни задачи.

На крај на секоја тематска целина предвидено е проверка на знаењето.

Предавачи:

Предавачите се експерти со долгогодишно професионално искуство во областа на канцелариско и ахривско работење. На последната средба ќе присуствува и гостин предавач од софтверска компанија за електронската архива и е-деловодник.

Детали за котизација

  • Котизацијата изнесува 20.000 денари + ДДВ.
  • За секој нареден учесник од иста компанија следува попуст од 10%.

За сите дополнителни информации во врска со модулот контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт