Back To Top

2 март, 2021 | Актуелности

E-MAIL МАРКЕТИНГ ВОДИЧ (11 ПРАВИЛА ЗА ПИШУВАЊЕ ПРОДАЖНИ Е-МАИЛОВИ)

Дали се сеќавате на еден од првите начини за комуникација преку Интернет? Да, тоа беше е-поштa! На почетокот се користеше главно за комуникација, но оттогаш помина долг период и може да се каже дека сега е еден од најважните канали на промоција.
Денес речиси и да нема лице кое нема е-пошта и верувале или не, е-поштата има околу 4 милијарди корисници, додека дневно се испраќаат над 200 милијарди е-пошта. И овој број секојдневно расте! Се надеваме дека овие вртоглави бројки ви дадоа мотив да тргнете по оваа рута и да му дадете шанса на е-маил маркетингот! Ако е тоа случај, продолжете да читате бидејќи во понатамошниот текст ќе дознаете:
• Што претставува е-маил маркетингот?
• Кои се предностите на е-маил маркетингот?
• Како да напишете добар продажен е-маил?

Што претставува е-маил маркетингот?

Сигурно поголемиот дел од вас добил голем број на е-маил пораки што изгледаат вака:
„Само денес! 50% попуст. Пријавете се!“ или, „Јана ја испроба нашата магична формула и постигна неверојатни резултати“. Ако мислевте дека ова е маркетинг по електронска пошта, не сте во право. Ова е обичен спам што за жал го засени вистинскиот маркетинг преку е-пошта.

Па, што е тогаш е-маил маркетингот?

Е-маил маркетингот претставува испраќање комерцијални пораки преку е-пошта со цел едукација, зголемување на лојалноста и продажбата. Најважно кај е-маил маркетингот е сè да се заснова на принципите на согласност, сегментација и персонализација.
Што тоа значи?
• Пишувањето продажни е-маилови е поразлично од пишувањето редовна е-пошта. Продажните е-маилови потребно е да содржат соодветна вредност, јасна цел и автентичен тон, што значи на корисниците треба да им се дадат корисни информации и одговори на потенцијални прашања, и на тој начин се охрабрува ангажманот што одговара на вашиот бизнис.
• Продажните е-маилови не би требало да ги испраќаме без согласност на примателот. Значи, корисниците самостојно се регистрираат на вашите е-маил листи, а вие би требало да ги привлечете користејќи „магнети“. Магнет може да биде е-книга, бесплатен курс, прирачник, вебинар, купон за попуст и слично. Постојат многу можности, потребна е само креативност.
• Потребно е да извршиме сегментација на корисниците според нивните интереси, и потоа да им испраќаме е-пошта врз основа на нивните интереси.
• Е-маиловите треба да бидат колку што е можно поперсонализирани и напишани на топол и пријателски начин.

Кои се предностите на е-маил маркетингот?

Главната предност на е-маркетингот е тоа што е-поштата е бесплатна. Исто така, многу е лесно да се отвори налог, а уште полесно е користењето на истиот. Е-маил адресата е потребна практично за сите (за работа, за сите социјални мрежи, форуми и слично), и тоа е причината зошто речиси сите корисници на Интернет имаат е-маил адреса.

Притоа, факт е дека голем број корисници на е-пошта ги проверуваат своите сандачиња за е-пошта веднаш штом ќе се разбудат, а истото не може да се каже за другите канали за комуникација.

Многу важна предност е што сте вие сопственик на вашата е-маил адреса, што не е случај со налозите на другите социјални мрежи. Социјалните мрежи се во сопственост на нивните основачи и тие се тие што одлучуваат за вашата судбина. Никогаш не знаете кога може да бидат забранети или кога одредена социјална мрежа, а со тоа и сите ваши податоци, ќе престанат да постојат. Од друга страна, никој не може да ја земе вашата е-маил адреса.

Маркетингот по е-пошта е најдобриот начин за продажба преку Интернет бидејќи постигнува подобри конверзии преку пласирање на производите на сегментирани корисници.

Како да напишете добар продажен е-маил?

Ако вашите мејлови не се квалитетно напишани и не нудат никаква вредност, тие најверојатно нема ни да бидат отворени, и што е најлошо, најверојатно ќе завршат во „ѓубре“.

За да го избегнете ова сценарио, за вас подготвивме 11 правила за пишување продажни е-маилови. Следете ги правилата и сигурно ќе напишете е-маил кој корисниците ќе го отвораат, читаат и што е најважно ќе го продаваат производот.

Тоа се:
1. Насловот на маилот мора да биде привлечен.
2. Содржината на вашата е-пошта мора да биде квалитетна и во согласност со насловот.
3. Прилагодете ја содржината на текстот на секој корисник, ако е тоа можно.
4. Настојувајте да пишувате кратки и јасни маилови.
5. Фотографиите и видеата ја прават содржината попривлечна.
6. Пишувајте во второ лице и со пријателски тон.
7. Секогаш потенцирајте ги предностите на производот во однос на карактеристиките.
8. Бидете пријатни, отворени и искрени.
9. Завршете ја е-поштата со повик за акција.
10. Планирајте го испраќањето на вашите маилови.
11. Оптимизирајте ги маиловите за мобилни уреди.

ПРАВИЛО #1 – Насловот мора да привлече внимание

Кога ќе ја отворите вашата е-пошта, што прво гледате во вашето сандаче? Е-адреса и испраќач на е-пошта. Што ви говори тоа? Насловот мора да биде привлечен затоа што ако не е така, корисниците нема ни да ја отворат е-поштата.

Како да напишете добар наслов?

Ветете им нешто добро на вашите клиенти. Нешто конкретно. Ако корисниците знаат што да очекуваат од добиениот маил и ако сметаат дека содржината може да им помогне, да ги едуцира или забавува, тие со задоволство ќе ја отворат.

Можете да користите емотикони. Поставувајте прашања на кои корисниците бараат одговори, но внимавајте, многу прашалници и извичници во насловот се сметаат за несакани (spam).

Користете броеви. Броевите даваат верификација и имаат моќ.

Можете да ги користите овие совети за пишување наслови за веб-содржина. Запомнете, насловот ви е како клуч кој отклучува е-маилови! БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ!

ПРАВИЛО #2 – Содржината на вашата е-пошта мора да биде квалитетна и во согласност со насловот.

Најважната работа во врска со содржината на вашата е-пошта е да биде во согласност со насловот. Насловот треба да ги заинтересира корисниците да ја отворат е-поштата, но ако во содржината не го најдат она што е ветено во насловот, бидете сигурни дека никогаш повеќе нема да ги отворат вашите е-маилови.

Содржината на вашиот е-маил мора да биде КВАЛИТЕТНА. Доколку вашата содржина го исполнува овој важен услов, вашите корисници со задоволство ќе ги читаат вашите е-маилови.  Ако испраќате е-маилови само за да ги испратите, очекувајте да останат непрочитани или избришани.

Значи, понудете им на корисниците одговори на прашања и обезбедете им вредност. За возврат, можете да стекнете лојалност.

Кога пишувате, секогаш внимавајте на граматиката и правописот за да не постапувате несериозно.

ПРАВИЛО #3 – Прилагодете ја содржината на текстот на секој корисник, ако е тоа можно.

Дали знаете која е најважната личност за секој корисник? Тој самиот за себе. Имајте го ова на ум кога ги пишувате вашите е-маилови.

Генеричките е-маилови кои се исти за сите корисници лесно се препознаваат и тоа не е добра стратегија. Ако вашите корисници добиваат е-пошта чија содржина не е во согласност со нивните интереси, логично е каде ќе заврши таквиот е-маил.

Замислете ја следнава ситуација. Имате двајца корисници заинтересирани за дигитален маркетинг. Едниот е заинтересиран само за SEO, додека другиот е заинтересиран за веб дизајн. Додека и двајцата корисници се заинтересирани за дигитален маркетинг, јасно е дека нема да им испраќате е-маилови со иста содржина. Ова сигурно не значи дека треба да пишувате маилови секому поединечно, но може да се применува стратегијата на неколку различни групи на е-маилови.

Ако направите добра сегментација на корисници, тогаш ова нема да биде тешка задача за вас. Прилагодете ги насловите и содржината за вашите корисници според нивните интереси и потреби. Потребно е само малку напор за да се постигнат подобри резултати.

ПРАВИЛО #4 – Настојувајте да пишувате кратки и јасни маилови.

Истакнете го она што е најважно во првиот пасус од вашиот маил. Првиот пасус би требало да се надоврзува на насловот бидејќи на тој начин корисниците повеќе ќе се заинтересираат за содржината.

Јасноста на вашата е-пошта е многу важна затоа што за да може корисникот да донесе одлука да купи нешто треба да знае што купува и зошто му е потребно.

Исто така е важно да бидеме кратки. Не ја преоптоварувајте содржината на вашиот е-маил со информации бидејќи корисниците најверојатно нема да ги читаат. Секогаш пишувајте само релевантни информации што ќе го предизвикаат вашиот корисник на акција, т.е. шопинг. Мислете на времето на вашите корисници.

Ако навистина сакате да ја збогатите вашата содржина со информации, подобро е да го сторите тоа користејќи го копчето „Дознај повеќе“ што ќе ги одведе читателите до вашата веб-страница.

ПРАВИЛО #5 – Фотографиите и видеата ја прават содржината попривлечна.

Моќта на фотографиите и видео записите е позната. Е-маилот е место каде што тоа може да се искористи.

Важно е да се внимава фотографиите и видеата да се поврзани со содржината и да се вклопуваат со истата. Тоа може да бидат фотографии од вашиот производ или од некој што го користи вашиот производ. Обрнете внимание на големината на фотографиите за да не го забавите отворањето на вашите е-маилови.

Истото правило важи и за видеата. Настојувајте да бидат кратки и со јасна порака. Пожелно е да се стави видеото во форма на link.

Не претерувајте со фотографии за да вашата содржина не се карактеризира како спам.

ПРАВИЛО #6 – Пишувајте во второ лице и со пријателски тон.

Пишувајте ги вашите е-маил пораки во второ лице, користејќи ги заменките „Вие“, „Вам“. На тој начин го ставате корисникот на прво место, а не производот. Запомнете која е најважната личност за секој корисник.

Однесувајте се како пријател кој сака да помогне, да слуша, да решава проблеми и потреби. Покрај тоа што полесно ќе осознаете што му е потребно на корисникот, ќе успеете и да ја придобиете неговата доверба. Направете ги вашите е-маилови поинтересни додавајќи малку хумор, раскажувајќи некоја интересна ситуација што ви се случила и слично. Како вистински пријатели.

ПРАВИЛО #7 – Секогаш потенцирајте ги предностите на производот во однос на карактеристиките.

Кога го презентирате вашиот производ, важно е да се водите по тоа дека корисникот е најважна личност за самиот себе.

Истакнете ги придобивките на вашиот производ за клиентите. Објаснете што добива корисникот ако го користи, како тоа може да му помогне и како може да му го олесни животот.

Корисниците не сакаат да слушнат дека производот е добар сам по себе, туку како тој производ може да им го подобри животот, здравјето или работата. На тој начин, производот ќе се продава самиот.

ПРАВИЛО #8 – Бидете пријатни, отворени и искрени.

Кога пишувате е-маил, пишувајте го како во тој момент да разговарате лице в лице со вашите клиенти.

Бидете отворени за соработка и прашања. Одговорете им искрено. Ова е уште еден начин за градење доверба, а довербата е повеќе од половина од продажбата.

Друга важна работа во врска со довербата е дека ако нешто тргне наопаку, што е сосема воможно затоа што секој што работи и греши, не ги игнорирајте. Бидете подготвени да им напишете искрено извинување или објаснување на клиентите и да понудите некаков компромис како решение за проблемот предизвикан од грешката. На овој начин ќе избегнете бришење е-маилови и отпишување од списокот.

ПРАВИЛО #9 – Завршете ја е-поштата со повик за акција.

Ако сте напишале квалитетен и привлечен е-маил, тоа значи дека вашите корисници ќе го прочитаат до самиот крај. Или барем ќе го скенираат до крај. Затоа, на крајот конечно  ставате ја јагодата на шлаг, т.е. повик за акција (CTA).

Тоа може да биде копче REPLAY каде што на корисниците им оставате можност да ве контактираат, покана да се пријават на вашиот NEWSLETTER или потсетување до кога е валидна понудата.

Важно е овој повик за акција да биде видлив.

ПРАВИЛО #10 – Планирајте го испраќањето на вашите маилови.

За жал, нема универзално време за испраќање е-маилови, но некои истражувања велат дека средината на неделата е најдобра за испраќање е-маилови.

Испраќањето маилови може да биде наутро бидејќи корисниците претежно тогаш ја проверуваат својата пошта и имаат најдобра концентрација.

Секогаш испраќајте е-маилови во исто време. На тој начин, вашите клиенти може да знаат кога да очекуваат ваш маил.

ПРАВИЛО #11 – Оптимизирајте ги маиловите за мобилни уреди.

Секогаш имајте на ум дека поголемото мнозинство од вашите корисници читаат е-маилови користејќи мобилни уреди. Прилагодете ја содржината на вашата е-пошта за мобилни уреди, за да корисниците не се откажуваат од читање поради недостаток на јасност и прегледност.

Е-маил маркетинг водич – заклучок

Ако сте стигнале до крајот на овој текст, тоа значи дека веќе со сигурност сте разбрале колкав потенцијал лежи во електронскиот маркетинг. Значи, лаптопите во рака, пронајдете ги вашите потенцијални клиенти и напишете им електронски маил.

Точно е дека е потребно време и напор, но на долг рок тоа дефинитивно се исплати. Како и во секоја сфера на дигиталниот маркетинг, најважен е КВАЛИТЕТОТ. Бидете креативни, квалитетни и бидете најдобри во она што го правите и  успехот ќе биде загарантиран.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ