Back To Top

12 октомври, 2021 | Uncategorized

Интернет маркетинг

Интернет маркетингот се однесува на стратегиите што се користат за пласирање на производи и услуги преку интернет. Овде спаѓаат разни онлајн платформи, алатки и системи за испорака на содржина, како што се: веб страна , маркетинг преку е-маил, социјални медиуми, блогови, видео/подкаст, онлајн реклами, спонзорства и платени промоции.

Сите компании не го користат интернетот за продавање на производи или услуги. Некои го користат за пренесување на порака, спроведување на истражување, откривање на желбите и потребите на потошувачите или градење на долгорочни односи со потрошувачите.

Содржина и дизајн на веб страната

Веб страната им овозможува на клиентите:

  • Да ја пронајдат компанијата на интернет
  • Да ја дознаат локацијата на компанијата или информации за контакт
  • Да ги откријат производите и услугите кои што ги нуди компанијата
  • Да побараат повеќе информации
  • Да направат набавка

Веб страните често користат оптимизација за пребарување (SEO) за да обезбедат нивната содржина да се рангира високо на пребарувачите и клиентите полесно да ја пронајдат компанијата.

Маркетинг преку е-мал

Е-маилот може да се користи за праќање на пошта директно по електронски пат, наместо преку пошта. Исто така, може да се зачуваат маиловите од пријавувањата на веб страната или од претходните клиенти и потоа преку е-маил да им се испраќаат важни информации, да се поттикнат купувања и да се градат долгорочни односи со потрошувачите.

Социјални медиуми

Повеќето луѓе користат некоја од социјалните мрежи. Зависно од таргетираната група на потрошувачи, компанијата треба да ги избере сцијалните мрежи кои што ќе ги користи. Постарите луѓе го користат Facebook, милениумците најчесто го користат Instagram, додека помладите се повеќе заинтересирани за видео платформи, како што се TikTok и Youtube.

Блогови

Блоговите овозможуваат за се зголеми оптимизацијата на веб страната преку објавување на написи со одредени клучни зборови. На овој начин се зголемуваат шансите клиентите да ја пронајдат и посетат веб страната на компанијата како резултат на онлајн пребарување.

Видео и Подкаст

Видеото и подкастот во последно време се многу популарни алатки за интернет маркетинг. Овие алатки помагаат за истакнување на експертизата, услугите и вештините на компанијата,  таргетирање на нова публика, креирање на заедници, зголемување на посетите на веб страната, градење на блиски односи со клиентите.

Онлајн реклами

Рекламите преку интернет може да имаат различни форми:

  • Рекламите за плаќање по клик се насочени кон одредени пребарувања што потенцијалните клиенти можат да ги користат.
  • Таргетираните реклами на социјалните медиуми се насочени кон одреден сегмент на корисници на тие медиуми кои што може да бидат заинтересирани за производот ли услугата која што ја нуди компанијата.
  • Можат да се постават реклами и на страничната лента на некоја веб страна.

Спонзорства и платени промоции

Компснијата може да ја искористи публиката која што некој друг ја има преку спонзорства и платени промоции. Ова значи дека компанијата може да плати на некој чија што публика одговара на нејзиниот целен пазар за да ги користи и промовира нејзините производи или услуги. На овој начин може да се зголеми свесноста за брендот, како и продажбата.

Интернет маркетингот полека станува задолжителен за сите бизниси затоа што потрошувачите секој ден поминуваат многу време на интернет, проверувајќи го својот е-маил, прелистувајќи на социјалните месдиуми и пребарувајќи. Инвестирањето во интернет маркетинг може да му помогне на секој бизнис да се поврзе со клиентите и да оствари продажба.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ