Back To Top

22 септември, 2022 | Актуелности

Маркетинг управуван од Big Data

Собирањето податоци за потрошувачите стана практика насекаде во светот и се применува повеќе или помалку успешно на сите пазари и во различни индустрии. Меѓутоа, во некои сегменти, собирањето на податоци воопшто не се однесува на потрошувачите. Изненаден? Не треба да бидеш.

Имено, феноменот на Big Data го доведоа технологиите во нашето опкружување и тој го претставува начинот на кој една компанија може да обработува и да управува со се’ поголем број на податоци, вклучително и оние за потрошувачите, врз основа на кои ќе направи други важни деловни одлуки.

Клучната промена што се случува со принципот на Big Data е способноста за ефективно движење кон размислување за поединецот. Во минатото, разбирањето на поединецот и последователната комуникација со него се засноваше исклучиво на истражување спроведено на примерок, кој претставува само дел од нашите (потенцијални) клиенти. Денес, технологијата им овозможува на поединците да остават дигитален отпечаток во процесот на купување. Можеме да ги искористиме овие индиции за да го разбереме поединецот и за маркетинг насочен кон поединецот.

Комуникацијата може да се прилагоди на поединецот во текот на неговиот куповен процес, и тоа релативно рано. Врз основа на податоците за потрошувачката од минатото, можеме да предложиме производи или услуги кои се најповолни за поединецот во фазата на купување. Ова ја зголемува веројатноста за купување и ја намалува заситеноста со нерелевантни понуди, а со тоа работиме на оптимизирање на нашите комуникациски трошоци.

Однесувањето на потрошувачите со текот на времето ни помага да откриеме поединци кои го намалуваат трошењето, што претставува ризик од потенцијално префрлање на трошоците кон потенцијалните конкуренти. Дополнителните истражувања за задоволството и анализите на корисниците на социјалните мрежи ни овозможуваат да откриеме можна причина за крајот на лојалноста на потрошувачите и со тоа да го спречиме неговото заминување навреме.

Компаниите сè повеќе ги разбираат потенцијалните придобивки што ги носат големите податоци. Иако повеќето компании и во светот и во нашиот регион се во процес на размислување и истражување на Big Data, некои од нив веќе почнаа да ги прават првите чекори. Тоа се претежно компании кои веќе имаат пристап до многу информации за нивните клиенти, главно за продажба (број на артикли во вашата кошница, купувања преку картичка) или користење на стоки и услуги (број на повици, должина на повици итн.) .

Одделите за маркетинг се секако едни од оние кои ќе доживеат промени поради појавата на Big Data. Може да очекуваме инвестиции во кадар со аналитички вештини (на пример, data mining, бази на податоци…), воспоставување деловни процеси кои ќе се справат со брз и сложен начин на дејствување (каде да се добијат информации, што да се прави со тие информации) и технологија што ќе го поддржи целиот тој процес. Во овој контекст често зборуваме за новата генерација на маркетинг, т.н маркетинг управуван од податоци.

За компаниите кои ја препознале потенцијалната вредност во Big Data, од клучно значење е да разберат кои се предизвиците и што ги чека на патот кон воведувањето на овој концепт. Имено, популаризацијата на концептот на големи податоци честопати претставува поедноставена слика за феноменот, а понекогаш создава лажни очекувања.

Пред неколку години нешто слично се случи со концептот на управување со односите со клиентите (CRM). Компаниите го гледаа CRM, пред сè, како технолошки, а не организациски предизвик за промена на корпоративната култура на компанијата, што го става потрошувачот во центарот и воспоставува врска со него преку различни канали. Ова беше причината што многу проекти пропаднаа.

Нешто слично може да се случи со Big Data. Компаниите кои ќе разберат дека тоа е првенствено предизвик за оптимизација – како најдобро да се искористат достапните извори на податоци користејќи ја нивната аналитика и деловното разбирање на значењето и врз основа на тоа да создадат подобри, попаметни, поевтини, побрзи и поквалитетни производи и услуги.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ