“5s”Пристап на организирање на работните места
Обуката “5S” пристап на организирање на работните места“ е важна затоа што им овозможува на учесниците да ја подобрат ефикасноста на производствените и услужните процеси за кратко време и со пониски трошоци и да ја зголемат безбедноста на работното место, преку систематско организирање на работното место.
“5S” е дел од lean филозофијата, каде секоја форма на отпад постојано се елиминира од работното место. Задачата за организирање на работни места е да се создаде безбеден, чист и уреден распоред на работното место преку обезбедување посебно место за сè што е потребно и го елиминира од работното место сè што не е потребно.
На учесниците преку вежби ќе им биде објаснето како овој пристап може да се искористи за да се постигнат значителни подобрувања на работното место, како што се:
• Подобрувања на работниот тек,
• Намалувања на времето,
• Подобро користење на просторот,
• Зголемување на безбедноста при работа / намалување на стапката на повреди при работа,
• Намалување на загубите во материјалите, трудот и хиперпродукцијата,
• Поголема сигурност на опремата.
На обуката исто така ќе се презентираат студии на случаи од пракса и ќе се даде конкретни решенија за проблемите што најчесто се јавуваат при практична работа.
Целта на обуката
Целта на оваа обука е да ги едуцира учесниците за важноста од примена на пристапот “5S” во организацијата, да ги научат чекорите на пристапот “5S” и да ги мотивираат и обучат да го применуваат пристапот “5S” во нивната организација.
По завршувањето на обуката, учесникот ќе може:
- да имплементира “5S” на своето работно место;
- проширување на процесот “5S” и на други делови од компанијата;
- намалување на загубите во материјалите, трудот и хиперпродукцијата;
- зголемување на безбедноста на работното место.
АГЕНДА
1. “5S” пристап
• Што е “5S”?
• Предности од примена на пристапот “5S”
• Елементи на пристапот “5S”
• “5S” пристап и визуелно управување
2. Црвени ознаки и табли за обележување
• “5S” визуелизација
• Визуелна контрола со употреба на црвени ознаки
• Примена на табли за обележување
3. Имплементација на системот “5S”
• Како да започнете?
• Како да го направите системот “5S” видлив?
• Можни пречки во спроведувањето на “5S” системот
4. Практични примери на “5S” системот
• Игра со броеви
• Игра со квадрати
5. Прашања, коментари, дискусии, заклучоципостапката “5S”
Предавач
д-р Драгана Стојанович, Факултет за организациски науки – Белград
д-р Ивона Јованович, Факултет за организациски науки – Белград
Долгогодишно искуство како предавачи на Кајзен пристапот. Активно работат со компаниите на неговото имплементирање. Имаат учествувано во спроведување обуки и решавање проблеми во компаниите од областа на континуирано подобрување на производството (со користење на Кајзен пристап), оптимизација и управување со деловните процеси, систематизација на работните места и утврдување на вредноста на работата, подобрување на системот на плати, подобрување на системот за квалитет и сл.
Целна група на обуката се директори на компании, високи и средни менаџери, вработени за подобрување на процесот и сите заинтересирани за оваа област.
Сите учесници на обуката ќе добијат:
• работен материјал во електронска форм
Детали за котизација
Котизацијата за еден учесник изнесува: 5.000 денари + ДДВ.
За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:
телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526
e-mail: institut@koncept.com.mk