Back To Top

Акредитирана обука: Лице одговорно за управување и/или постапување со отпад (модул од 14 предавања)

Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
 
  21 август 2023 година 
  9:00 – 11:30 часот
  Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Со оглед на фактот дека Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на една година  објавува два огласи за полагање на стручен испит за управител со отпад, во месец октомври 2023 година е вториот термин за полагање на овој испит.

Сите кандидати кои планираат да полагаат, задолжителни треба да имаат реализирано обука од акредитирана установа.

Распоред на предавањата: 

Со цел комплетна подготовка на кандидатите да го положат испитот, Институт КОНЦЕПТ организира обука составена од 14 предавања
Предавањата ќе се одвиваат секој понеделник, од 9.00-11.30 часот, online, на платформата ZOOM.

Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад?

Согласно со членот 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице – управител за отпад.

Кои се задачите на Управителот со отпад?

Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад;
Да води евиденција и изготвува извештаи;
Да ја спроведува годишната програма на својата компанија;
Да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад;
Да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија.
Што треба да поседува Управителот со отпад? 

Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање.
За да се стекне со Уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.

Кој може да стане Управител со отпад?
Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагање на стручен испит за управител со отпад треба да ги исполнува следните услови:
Да е државјанин на Република Северна Македонија;
Да има живеалиште во Република Северна Македонија;
Да има завршено најмалку VI степен вишо образование или високо образование со најмалку VII/1, односно диплома со најмалку 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС);
Со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сè додека траат последиците од забраната и
Да има најмалку 3 години работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина.

Што опфаќа наставата?
Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 40 училишни часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето тоа ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата.

СОДРЖИНА
Агендата на целата обука е составена согласно ПРОГРАМАТА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД донесена од Министерство за животна средина и просторно планирање.

За да ја превземете Програмата кликнете на линкот:
ПРОГРАМАТА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД

ПРЕДАВАЧИ:
Ирена Апостолова
Докажан домашен експерт во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад.
Други еминентни експерти од оваа областтеми, Народна банка на Република Северна Македонија.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 

Обуката е наменета за стручно оспособените лица – управители со отпад, од правните или физички лица коишто управуваат со отпад, како и од органите на локална самоуправа.

 

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
20.000 ден. (плус 18% ДДВ)Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВЕН ЛИСТ

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 17 април 2023 година.

Групата е ограничена на 20 учесници и функционира на принципот прв дојден прв услужен.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон:

2 3128 526

2 3128 525

070 272 207          

e-mail: institut@koncept.com.mk
www.koncept.com.mk

Почеток: 21 август 2023 година

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт