Back To Top

МУСКУЛНО СКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА ПРИ РАБОТА

Дел од капмпања ”НАМАЛИ ГО ТОВАРОТ”, поддржана од
ТИТАН Цементарница УСЈЕ и Институт Концепт

(Обуката носи 10 бодови за стручно усовршување)

Online обука на платформа:
File:Zoom Communications Logo.svg - Wikimedia Commons

  26 мај 2022 година (четврток)
  11:00 – 15:00 часот
   Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ВОВЕД

Институт Концепт заедно со ТИТАН Цементарница УСЈЕ, како партнер, на 5 мај 2022 година организираат едновневна обука на тема: МУСКУЛНО СКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА ПРИ РАБОТА која е дел од капмпањата ”НАМАЛИ ГО ТОВАРОТ”, организирана од Европската агенција за безбедност и здравје при работа.

Под мотото:  ЗДРАВИ ВРАБОТЕНИ-ЗДРАВИ ОРГАНИЗАЦИИ, партнерите ќе обезбедат квалитетна содржина, која ќе придонесе за подигање на свеста за овие заболување и превенирање во организациите!

СОДРЖИНА

ПРВ ДЕЛ
1. Намали го товорот – вовед за кампањата

•    Што се причините за мускуло скелетни заболувања?
•    Што е важно?
•    Кој треба да биде вклучен?
•    Како да се управува?
•    Бизнис случаи
•    Приоритети
2.    Мапирање на телото при превенција на опасности од мускуло скеклетни заболувања
3.    Работа со вработени кои имаат мускуло скелетни заболувања
4.    Практични искуства на компанијата Титан Цементарница Усје АД Скопје
5.    Дискусија

предавач: Миле Бошначки, Менаџер за безбедност и здравје при
работа, ТИТАН Цементарница Усје АД Скопје

ВТОР ДЕЛ
1.Вовед во проблемот на мускулоскелетните заболувања поврзани со работата (дефиниции, димензии, епидемиолошки карактеристики, законски аспекти и регулаторни акти
2.Причини за појава на мускулоскелетните заболувања (ризик фактори и работното место, проценка на ризик на работното место и практични примери за појава на мускулоскелетни заболувања
3.Медицински аспекти  на мускулоскелетните заболувања (развој, први симптоми и рани индикатори, најчести клинички форми и засегнати структури, дијагностика и приказ на случаи од пракса со дискусија
4.Терапија, рехабилитација и оценка на работната способност кај работници со мускулоскелетни заболувања (менаџмент на МСЗ, физикална и професионална рехабилитација, оценка на работната способност)
5.Превенција на мускулоскелетните заболувања поврзани со работата (техничка контрола, административна контрола, лични заштитни средства, здравствен надзор, ергономски интервенции, тренинг и едукација)

предавачи: Проф. др.Сашо Столевски, специјалист по медицина на труд.и  Проф. др.Драган Мијакоски, специјалист по медицина на труд.
6. Дискусија

    
Целна група
Работодавачи, стручни лица за безбедност и здравје при работа, претставници на вработените за безбедност и сите заинтересирани за оваа тема.
  
За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал во електронска форма;
•    сертификат за присуство и потврда за бодови.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.

Напомена: Секој учесник, кој е стручно лице, на крајот на обуката ќе добие потврда за стекнатите бодови за учество на обука за стручно усовршување. Останатите учесници ќе добијат сертификат за учество.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
25 мај 2022 година.

26 мај 2022 година

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт