Back To Top

Assessing by Non-Psychometric Tools – Проценка на кандидатот преку непсихометриски алатки

Повеќето организации денес користтат психометриски тестови, од селекцијата на надворешни кандидати до изборот на вработени во интерните програми на развој. Препознавањето и разбирањето на компетенциите и силните страни на поединците го олеснува нивното подоцнежно вклопување во организациски контекст, овозможува оптимизација на работните перформанси и го максимизира придонесот кон деловни резултати. Онаму каде што постапката на проценка на кандидати го вршат експерти кои не се психолози (па заради тоа и не можат да користат психометриски инструменти), на располагање постојат бројни бихевиорални инструменти (тестови, прашалници, инвентар), кои може да ја зголемат брзината и квалитетот на донесување одлуки врзани со човечките ресурси. Овој webinar е првенствено наменет за не-психолози, а фокусот е на најчесто користените постапки и бихевиорални инструменти кои се покажале како ефективни во процесот на селекција.

 

Содржина на семинарот
– Кои се најефикасни и најчесто користени бихевиорални инструменти? (Belbin, DISC, MBTI…)
– Предности и недостатоци од користењето центри за проценка (assessment centers)
– Како да се креира селекциска постапка за специфични позиции/организациски улоги
– Од што се состои кохерентниот модел на проценка на силите и развојниот потенцијал?

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт