Back To Top

Building High Performance Cultures – Култура која ги подобрува работните резултати и задоволството на вработените

Семинарот „Building High Performance Cultures – Култура која ги подобрува работните резултати и задоволството на вработените“ е трет модул од едукациската програма HR Excellence Training. Комуникацијата е двонасочна, што подразбира активно учество на сите, без оглед на локацијата на следење на истиот.
Трендот во областа на управувањето со човечки ресурси (но, и она кон што реално тежат сите работодавци), е да се создаде таква организациска култура која ќе ги подобри работните перформанси на вработените и ќе созададе задоволство од она што го работат. Фокусот на овој семинар е креирање агилна организациска култура која ги привлекува најдобрите вработени, клиентите ги претвора во “обожаватели“ и резултира во високо профитабилен бизнис. На семинарот, учесниците ќе научат како да ја усогласат организациската култура на сите хиерархиски нивоа:
– на индивидуално ниво (дали имаме најдобри вработени за најважните задачи, како да ги идентификуваме талентите и потенцијалите, дали им даваме поддршка и можност за развој на вистинските луѓе?)
– на ниво на тим (дали улогите во тимот се добро и јасно дефинирани, дали тимот дава се’ од себе?)
-организациско ниво (дали структурата е иновативна и агилна за носење одлуки дали структурата е добра поддршка за раководителите?
– култура (дали е таа наменска, кои се нејзини клучни предности)

Содржина на семинарот:
– Зошто е потребно да се фокусираме на организациската култура?
– Што е организациска култура – дефиниција и карактеристики
– Постигнување организациска (деловна) агилност: стратешки пристап кон постигнување поголема организациска отпорност и прилагодливост, користејќи агилни вредности и принципи
– Агилна организација и leadership
– 5 принципи за постигнување организациска агилност
– Приказ на организациската култура: Competing Values Framework (by Quinn & Rohrbaugh)
– Разбирање на деловниот контекст: Cynefin Framework
– Фокус на создавање вредност
– (Организациски) промени – полесно е во мали чекори
– Оптимизација на проток (одлучување, информација) во организацијата: меѓузависност на тимови, координација

Цел на семинарот:
Да им се укаже на учесниците начинот на креирање на организациска култура која цени различност, овозможува иновации, поттикнува стекнување нови вештини и создава услови за развој на потенцијалот на секој поединец, на сите организациски нивоа.

Целна група:
Експерти за човечки ресурси, менаџери, директори, сопственици и сите други вклучени во креирање на организациската култура.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт