Back To Top

Collaboration: the Foundation for Creating Values – Тимска работа: основа за креирање вредност

Основните карактеристики на сложеното доба се непредвидливоста и континуираните изненадувања. Со цел организациите да опстанат во такви услови и да создадат нови вредности, потребно е активирање на колективното знаење и мудрост, критичко испрашување и формати за соработка за комплексното доба. Од таа причина, денес, тимот е најмала единица која создава вредности, а темата на овој модул е како да се создадат рамки за ефективна тимска работа во која секој член ја знае својата улога и развива разбирање за останатите членови, како да се справиме со конфликтите и што значи лидерството во тимска работа.

Содржина на семинарот
Со внимателно избрани алатки за размислување кои поттикнуваат дискурс и критичко размислување, учесниците ќе откријат и ќе станат свесни за:
– Што е комплексност и како да ја препознаат?
– Која е разликата меѓу комплицирано и комплексно окружување, како и проблемите и како тие се манифестираат во вашата организација?
– На што да се обрне внимание кога сте во потрага по решение и која е улогата на тимовите?
– Која е целта на тимот и како да се открие истата?
– Улога наспроти функција и како да откриете/дефинирате различни улоги во тимот?
– Правила наспроти принципи како темел на колаборацијата
– Моќ на зборовите: поими, формулации и сликовен вокабулар
– Што е лидерство и зошто концептот на лидер во комплексни услови не функционира?
– Модели на одлучување во тимот
– Решавање конфликти во тимот.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт