Back To Top

Compliance и влијанието на ESG индикаторите врз компаниите (environmental, social and governance)

Обуката ќе се реализира online, платформата ZOOM.

20 јули 2023 година (четврток)

10:00 – 16:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Нема да најдете ниту една организација што сака нејзиниот бизнис да биде во фокусот на истрага поради неускладеност со законската регулатива. Оваа ризична точка во работата на организациите е особено сериозна поради зголемените измами на работното место, како резултат на денешната високо конкурентна економија и оскудните ресурси.

Усогласеноста со прописите (compliance), како функција кај нас се развива последната деценија, посебно акцентирајќи ја улогата на секторите и офицерите за усогласеност (compliance officers).

Во последните неколку години посебен акцент се става на ESG индикаторите.

ESG индикаторите (Environmental, Social, and Governance) се метрики и критериуми кои се користат за оценка на одржливоста и социјалната одговорност на компаниите, инвестициските портфели и други субјекти. Тие го оценуваат влијанието на компаниите врз околината, нивните социјални практики и системи за управување. Еве неколку примери на ESG индикатори:

1.    Еколошки индикатори:
•    Влијание врз климата (на пример, емисии на парникови гасови)
•    Управување со отпад и ресурси
•    Енергетска ефикасност
•    Загадување на воздухот и водата
•    Биоразградливост и заштита на природните ресурси

2.    Социјални индикатори:
•    Работнички практики и права на работниците
•    Здравје и безбедност на работното место
•    Социјално вклучување и разновидност
•    Односи со добавувачите и клиентите
•    Вклученост во локалните заедници

3.    Индикатори за управување:
•    Корпоративно управување
•    Одвоени улоги на раководството и надзорниот одбор
•    Корпоративна одговорност и етика
•    Системи за контрола и управување со ризици

Во инвестициски контекст, ESG индикаторите се користат за оценка на ризиците и можностите поврзани со одржливоста на компаниите и за донесување одлуки за инвестиции. Исто така, тие се користат за оценка на одржливоста на портфолиото и соодветноста со инвестициските стратегии кои ги земаат во предвид факторите на околината, социјалните аспекти и квалитетот на компаниското управување.

Во таа насока, Институт КОНЦЕПТ организира обука со ексклузивен предавач од Р.Хрватска, а тоа е Луциа Ана Томич.
Покрај нејзината фасцинантна професионална биографија треба да се напомене дека таа е еден од носечките предавачи на CEEEC- Croatia East Europe Ethics and Compliance Conference, која се оддржува секоја година во Опатија, Хрватсска

 

ПРЕДАВАЧ:

Луциа Ана Томич, регионален експерт за  compliance, Р.Хрватска

По дипломирањето на Правниот, Економскиот и МБА, работи како правник, извршувајќи правни работи од областа на правото на трговски друштва на различни институции и позиции. По долгогодишна работа во финансиската индустрија со комбинација на работа во областа на усогласеност, спречување на перење пари, правни работи и човечки ресурси, таа моментално е вработена како директор на Секторот за усогласеност, регулаторни работи и набавки во Винер осигурување ВИГ. д.д. Нејзиниот делокруг на работа вклучува правни, набавки, корпоративно управување, усогласеност, наградување, AML и измама. Нејзиниот последен предизвик е имплементацијата на ESG стратегијата во бизнисот. Таа е член на ICC Комисијата за корпоративна одговорност и антикорупција (Commission on Corporate responsibility and anti-corruption).

СОДРЖИНА

 

• Основи на етика и усогласеност
• Улогата на етиката во организациската култура
• Етички принципи (морал, независност, чесност, вистинитост, доверливост…)
• Зошто етика и усогласеност?
• Програма за етика и усогласеност
• Одделение за етика и усогласеност (воспоставување, функција, односи со Управниот одбор и Надзорниот одбор и со други организациски единици)
• Одговорност за спроведување на програмата (менаџмент, ревизија на службеникот за усогласеност…)
•  Конфликт на интереси
• Заштита на свиркачите
• Корупција и влијание врз деловните активности
• Влијанието на регулативите за ESG врз бизнисот
• G – управување – тон од врвот
• Улогата на усогласеноста во иднината и ESG политика

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВЕН ЛИСТ

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата  изнесува 6.000 денари плус ДДВ.
За секое наредно лице од иста компанија котизацијата изнесува 5.000 денари плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
 2023 година.

 

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон:

2 3128 526

2 3128 525

            070 272 207          

 e-mail: institut@koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт