Back To Top

Дводневна обука со физичко присуство: ОСНОВИ НА ГРАДЕЖНА ФИЗИКА И ЕЛАБОРАТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ЗГРАДИ

Дводневна обука со физичко присуство!
Локацијата ќе биде дополнително доставена!

ВОВЕД

Со оглед на фактот што материјата опфатена со науката „Градежна физика“ многу малку или воопшто не се изучува на факултетите, обуката организирана од Институтот КОНЦЕПТ има за цел на кандидатите да им надомести она што го испуштиле во текот на образованието или подоцна во текот на практичната работа.  

Моментот на оваа обука е во пресрет на новата законска (Закон за градење) и подзаконска (Правилник за енергетски карактеристики на згради и Правилник за енергетска контрола) регулатива, како составен дел на Законот за енергетска ефикасност.
 
Обуката треба теоретски и практично да ги подготви учесниците на обуката за справување со предизвикот за успешно имплементирање на дел од очекуваната нова регулатива, што ќе им биде од корист во нивната секојдневна професионална работа, како на пример, проектирање и изработка на елаборати за градежна физика, ревизија на проекти, изведба и / или надзор на објекти и слично.

Исто така, добиеното предзнаење од обуката, заедно со други услови коишто во иднина ќе бидат дефинирани, на кандидатите ќе им овозможи да учествуваат на курсеви за обука на енергетски контролори, со цел да добијат овластување за „енергетски контролор“, потребно како услов за учество во (или сопствено формирање на) правно лице – „лиценциран енергетски контролор“.

Обуката од Институтот КОНЦЕПТ ќе биде во 2 фази: теоретска (на 7 април) и практична (на 8 април). 

СОДРЖИНА

Прв ден

1.Теоретскиот дел од обуката 
Развој на науката за пренесување на топлината
•    Топлинско-физиолошки и физички поими.
•    Форми на пренесување на топлината.

Стандарди
•    МКС EN ISO 6946:2017
•    Термини и дефиниции, симболи, физички големини и единици, индекси.
•    Пресметка на вредностите на физичките големини.
•    Топлински отпор на воздушни слоеви.
•    Топлински отпор на негреани простори.
•    Коефициент на пренесување на топлината.
•    Топлински мостови – 1D, 2D и 3D модели.
•    Растеж на мувла.
•    Пренесување на топлина низ тло.
•    Пренесување на топлина низ застаклени елементи.
•    Законската регулатива за енергетска ефикасност.

Иновативни материјали и системи за топлинска изолација
Дифузија на водена пареа
Обновливи извори на енергија

Втор ден

2.Практичен дел од обуката 
Изработка на елаборат за градежна физика на зграда

По завршување на теоретскиот дел, пред почетокот на практичниот дел, кандидатите треба да набават свој или позајмен реален проект за некој поедноставен објект (мала приватна куќа, едноставна станбена зграда или сл.) и на обуката да го донесат проектот снимен на лаптоп (вклучително и калкулатор).
Предходно, на e-mail електронски ќе им бидат пратени материјали со влезни податоци потребни во пресметките (климатски податоци, вредности на физички големини, неопходни формули), како и бланко таблици за табеларни пресметки.
Поради обемна работа и ограничено расположиво време, пожелно е пресметките на еден објект заеднички да ги прават 2 – 3 кандидати, кои меѓусебно ќе формираат групи  по завршување на теоретскиот дел. Непосредно пред почеток на работилницата, ќе им се дадат препораки околу поделба на поединечните задолженија во рамки на групите.

ПРЕДАВАЧ

Д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх.
теоретски и практично се занимава со енергетска ефикасност и градежна физика повеќе од 50 години. Автор е на 13 книги од оваа област, а докторската дисертација на тема “Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ ја има одбрането во Софија, пред Вишата атестациона комисија при бугарската Академија на науки.

Тој е еден од тројцата автори на македонската подзаконска регулатива за енергетски перформанси на згради како и овластен обучувач на курсеви за енергетски контролори.
Повеќе од 15 години го водел Техничкиот комитет ИСРМ ТК8 за стандарди од областа топлински перформанси на згради, во рамките на Институтот за стандардизација на Р.С. Македонија. Активно соработува со соодветните комитети во CEN (Европски комитет за стандардизација) и во ISO (Меѓународен комитет за стандардизација).

Предавал градежна физика, обновливи извори на енергија и одржлива архитектура на додипломски и постдипломски студии на универзитетите ФОН и МИТ.

Со свои стручни трудови учествувал на повеќе меѓународни конференции на горната тема. Учесник е во повеќе меѓународни проекти за енергетска ефикасност и енергетска рехабилитација на згради (GTZ, KWI, SMAQVa, CARDS 2002, AEA, UNDP, GIZ). 

Актуелно, како локален експерт учествува во техничка работна група на Проект за регионална енергетска ефикасност REEP Plus: Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme : Albania, Bosnia and Herzegovina, Croatia, North Macedonia, Kosovo, Montenegro and Serbia. 

ЦЕЛНА ГРУПА

Обуката е наменета на архитекти, градежни инженери и инженери од термодинамичка струка.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал 
•    сертификат за присуство 

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за еден учесник изнесува 10.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува
9.000 денари, плус ДДВ.

 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт