Back To Top

Финансиско управување и контрола со посебен акцент на идентификување и проценка на ризиците кај државните органи

Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“ број 90/2009, 12/2011 и 188/2013) наметна потреба од воспоставување на финансиско управување и контрола кај буџетските корисници од областа на законодавната, извршната и судската власт, фондовите, општините и градот Скопје.

Законската обврска за воспоставување на Финансиското управување и контрола е согласно меѓународните стандарди за внатрешна контрола и внатрешна ревизија.

Финансиското управување и контрола ги опфаќа финансиските процеси на: планирање, извршување, мониторинг и известување за:
•    Прибирање на приходите,
•    Контрола на користење на буџетските средства (расходи),
•    Заштита на средствата и обврските.

Преку работилницата ќе се обидеме на едноставен и професионален начин да ги добиеме одговорите на значајните и суштински прашања:
•    Која е целта на финансиското управување и контрола ?
•    Која е одговорноста на раководителот на субјектот?
•    Кои се компонентите на финансиското управување и контрола ?
•    Што претставуваат поединечно компонентите: контролна средина, управување со ризици, воспоставување на контроли, информирање и комуникации (мониторинг) ?

На работилницата ќе се обидеме заеднички да го осознаеме контролното опкружување на субјектот, преку интегритетот на раководителите и вработените, компетентноста на вработените (потребни знаења и вештини), како и начин на размислување и менаџирање на раководителите, организациона структура на вработените и поделба на должностите.

Значајна компонента во финансиското управување и контрола претставува управувањето со ризиците, на работилницата ќе се презентира како раководителите треба да ги утврдат, проценат и контролираат сите можни настани кои може да имаат негативно влијание врз работењето на субјектот. Заради наведеното ќе биде презентирана матрицата на подготвување на значајниот акт за оваа тема а тоа е Стратегијата за управување со ризици.

Особено потребно е да се обрне внимание на контролите кои треба да бидат пропишани и целосно применети во работењето на секој субјект. Во тој правец ќе бидат обработени прашањата кои се однесуваат за изготвување на процедури за овластувања и одобрувања, поделба на должностите, правила за пристап до средствата и информациите, процедури за целосно, навремено и ажурно воспоставување на сметководствена евиденција, како и процедура за управување со човечките ресурси.

Агенда – Законска рамка:

•    Закон за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“ број 90/2009, 12/2011 и 188/2013),
•    Меѓународен стандард за ревизија 315 – Идентификување и проценка на ризиците од материјално погрешно прикажување преку разбирање на ентитетот и неговото опкружување,
•    Меѓународни стандарди за професионално извршување на внатрешна ревизија – Стандарди за ревизија, 2120 – Управување со ризик.

Семинарот е наменет за:

За раководителите на единицата за финансиски прашања и внатрешните ревизори вo државните органи.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт